How To Apply Scholarship
Ромскиот образовен фонд (РЕФ) со задоволство го објавува конкурсот за новиот циклус за аплицирање на Програмата за стипендирање на студенти Роми (РМУСП). Ве молиме, да имате во предвид дека генералните Упатства за аплицирање за стипендија на РЕФ се обновени, додека специфичните Упатства за аплицирање за РМУСП се во процес на надградување. Новата верзија на македонски јазик ќе биде објавена на интернет страната на РЕФ на 10 април 2012.
Ви благодариме на разбирањето!
Ви посакуваме успех,
Тимот на РЕФ/ПС
Почитувани кандидати:
Електронската (On-line) апликација на РЕФ/ПС системот, е во употреба од 2011 година, и им овозможува на заинтересираните студенти Роми да користат ефикасен и интерактивен начин на аплицирање. Системот обезбедува двонасочна комуникација со регистрираните корисници преку е-база и брза повратна информација за усогласеноста со условите за подобност на програмата, како и во врска со поднесување на (on-line) апликацијта за пријавување.
Рокови за On-line аплицирање за академската 2012-2013 година:
- 15 МАЈ 2012 за РМУСП
- 11 МАЈ 2012 за ЛХП
- 15 јуни 2012 за РХСП
- 15 август 2012 година за RISP (циклусот ќе биде отворен од јуни 2012 година)
РМУСП конкурсот за аплицирање за академската 2012-2013 година е објавен за сите заинтересирани кандидати, кои ги исполнуваат условите согласно насоките наведени подолу:
- Општите критериуми за селекција и насоки за аплицирање на РЕФ/Програмите за стипендирање се достапни овде.
- Соодветни инструкции за електронското (on-line) аплицирање се достапни овде.
Пред да ја испратите електронската (on-line) апликација, заинтересираните кандидати треба ВНИМАТЕЛНО да ги прочитаат релевантните информации за програмата кои ја избраа, соодветни информации се наоѓаат подолу.
РЕФ има 4 (четири) програми за стипендирање на кои можете да аплицирате: Програма за стипендирање на студенти Роми (РМУСП), Програма за право и хуманистички науки (ЛХП), Интернационална програма за стипендирање на студенти Роми (РИСП) и Програма за медицински стипендии за Роми (РХСП).
Исто така, стипендистите на програмите RMUSP и LHP може да аплицираат на дополнителната Програма за професионален развој (PDF).
Програмата за стипендирање на студенти Роми (РМУСП) доделува стипендии на студенти Роми државјани на Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Унгарија, Косово, Црна Гора, Македонија, Романија, Словачка, Србија и Турција. Право на аплицирање имаат кандидатите кои се запишани или планираат да се запишат на редовни додипломски, последипломски или докторски студии на државни или приватни акредитирани универзитети во земјата на живеење.
Краен рок за РМУСП аплицирањето е 15 МАЈ 2012.
Дополнителни информации за РМУСП програмата се достапни овде.
Програма за право и хуманистички науки (ЛХП) овозможува стипендии на студенти Роми државјани на Молдавија, Русија и Украина. Право на аплицирање имаат кандидатите запишани на редовни додипломски, последипломски и докторски студии на државни и акредитирани универзитети во земјата на живеење.
Краен рок за ЛХП аплицирањето е 11 МАЈ 2012.
Дополнителни информации за ЛХП програмата се достапни овде.
Интернационална програма за стипендирање на студенти Роми (РИС) е наменета да обезбеди делумна поддршка за покривање на трошоците за студентите Роми кои се државјани на една од следниве земји: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Унгарија, Косово, Македонија, Молдавија, Црна Гора, Романија, Русија, Србија, Словачка, Турција и Украина. Право на аплицирање имаат кандидатите кои се редовни студенти на додипломски, последипломски или докторски студии на државни или приватни акредитирани универзитети надвор од земјата на живеење.
За RISP рокот за пријавување е 15 август 2012.
Дополнителни информации за РИС програмата се достапни овде.
Програмата за медицински стипендии за Роми (РХСП) со цел да го зголеми бројот на студенти и средношколци Роми запишани на медицински универзитети и средни училишта доделува стипендии за кандидати кои се државјани на следниве земји: Бугарија, Македонија и Србија. Право на аплицирање имаат средношколци и студенти запишани на редовни додипломски, последипломски , докторски студии на државни и акредитирани универзитети/училишта во земјата на живеење.
Краен рок за аплицирање е 15 јуни 2012
Дополнителни информации за РХСП програмата се достапни овде.
Подолу се наоѓаат листите на стипендисти при РЕФ/ПС за академската 2011 година. За да пристапите до листите, ќе треба да ја внесете следната лозинка: "REF" (без знаците наводници).


























