Програма за медицински стипендии за Роми

ПРОГРАМА ЗА МЕДИЦИНСКИ СТИПЕНДИИ ЗА РОМИ

Ромски образовен фонд/ Програма за стипендирање
Прирачник за аплицирање за 2012-2013 година

 

English            Български             Cрпски

 

Ромскиот образовен фонд го објавува конкурсот за медицински стипендии за Роми ученици во средните медицински стручни училишта, студенти на медицинските факултети и високите школи на последипломски студии и лекари специјализанти во Македонија и Србија. Програмата, исто така ќе ги поддржи РХСП стипендистите од Бугарија кои ќе ја обновуваат апликацијата поднесена за учебната/академска 2011-2012 година. Главни донатори се Ромскиот образовен фонд (РЕФ) од Будимпешта и Фондацијата Отворено општество (ФОО).

РЕФ Програма за медицински стипендии за Роми

Програмата за медицински стипендии за Роми (РХСП) ќе поддржува ученици/студенти Роми, кои се запишани или планираат да се запишат на медицинските училишта/факулети во својата матична земја или земјата на престој. Заинтересираните кандидати, кои ќе бидат поддржани од Програмата за медицински стипендии за Роми (РХСП) треда да се запишани на државни и акредитирани средни медицински стручни училишта и медицински високообразовни институции во Македонија. На РХСП стипендистите не им се доделува автоматски стипендија за следната академска година, секоја кандидат е должен да аплицира на конкурсот за да ја обнови стипендијата.

 

1. Критериуми за добивање на стипендија

2. Критериуми за селекција

3. Механизми за донесување на одлуки

4. Процес на селекција

5. Соопштување на одлуките за селекција

6. Фази на аплицирање и рокови

7. Дополнителни предности на РХСП Програмата

 

1. Критериуми за стипендирање 
(на почеток)

Критериумите на РЕФ/Програмата за стипендирање, ги поставуваат стандардите, според кои се оценуваат квалификациите на кандидатите. Пријавите за Програмата се селектираат според соодветните академски стандарди, комплетност на поднесените документи и исполнување на рокови. Кандидатите, кои не ги исполнуваат критериумите на Програмата, нема да бидат земени во предвид во понатамошниот процес на селекција.

Забелешка: Сите кандидати кои ќе бидат на прелиминарната листа на кандидати кои се препорачуваат за стипендија и кои се прва година на било кое образовно ниво ќе бидат повикани на ИНТЕРВЈУ. (подолу, види детали за интервју)
Во рамките на РХСП, РЕФ може да поддржува еден ист кандидат/а во текот на неговите/нејзините студии на:

  • средо образование за максимум 4 години
  • едни додипломски студии, за максимум 5/6 години (доколку студискиот модел дозволува), со можност за само еден трансфер/промена на друг универзитет/факултет/насока на студии
  • едни последипломски студии, за максимум 2 години.
  • едни докторски студии, за максимум 3 години. 

Кандидатите кои добиваат академска стипендија од друга организација за академската 2012-2013 година, не можат да користат стипендија од РЕФ/РХСП. Вработените во Ромскиот образовен фонд, Фондацијата Отворено општество или националните фондации на Сорос Мрежата на фондации, како и оние кандидати кои работат на проекти кои се финансирани од РЕФ или кои добиваат хонорари (како консултанти, практиканти, асистенти и сл.) од РЕФ/СНФ не можат да користат стипендија од РЕФ/ПС!

Доколку ги исполнуваат условите во согласност со критериумите на секоја програмска шема, кандидати истовремено може да аплицираат на различни РЕФ стипендии. Доколку бидат прифатени за повеќе од една РЕФ стипендија, на крајот на процесот, засегнатите кандидати ќе треба да изберат една програма за стипендирање.

Кандидатите треба:

да се припадници на Ромската етничка заедница,
да се запишан или да планираат да се запишат на државни и акредитирани средно стручни медицински училишта и високо образовни институции во родната земја на живеење како редовни ученици/студенти во наредната учебна/академска година. Право на аплицирање имаат кандидати од следниве држави: Македонија, Србија и Бугарија (кандидати кои ќе ја обновуваат стипендијата),
да се студенти Роми на медицинските факултети и високи школи; ученици Роми во средномедицинските стручни училишта, лекари Роми специјализанти, како и лекари Роми на последипломски студии,
да поднесе коплетен и во предвиден рок on-line формулар за пријавување,
да напише мотивационо писмо, кое ќе ги содржи академските цели и достигнувања, ќе ја покаже својата заложба и мотивираност за студирање/учење (како што е наведено во електронската апликација,
да напише есеј кој ќе ги содржи главните точки наведени во електронската апликација,
за стуенти: да прикачат уверение со оценки од положени испити од сите завршени академски години, како и од последниот завршен семестар септември-декември 2011 година, за средношколци: да прикачат скенирана верзија на сведителство од претходната учебна (2010-11) година и евидентел лист од тековната (2011-12) година,
да поднесе најмалку една детална и информативна препорака, во која се опишани академските резултати и/или активностите на кандидатот надвор од наставната програма, 
да учи/студира медицина,
да обезбеди доказ дека е примен/а како редовен студент/ка или ученик/а на еден од високо образовните институции или средни стручни медицински училишта во матичната земја на кандидатот т.е оргинал потврда за упис на универзитет, за академската година за која се пријавува за стипендија.

2. Критериуми за селекција
(на почеток)

Критериумите за избор во Програмата за стипендирање на РЕФ го земаат во превид квалитетот на апликацијата. Кандидатите мора да настојуваат да се придржуваат до критериумите за селекција и да прикачат конкурентни документи во апликацијата. Критериумите за селекција на сите земји опфатени со Програмата се следните: 

програмата воспостави среден просек на оценки (СПО) како еден од критериумите за селекција. Минималниот СПО кој треба да го имаат кандидатите за да бидат избрани за стипендија зависи од бројот на кандидати и конкуренцијата секоја година;
јасна содржина и структура на писмото за мотивација;
квалитет на академскиот есеј и негова структура;
учеството на академски семинари, конференции, работилници, летни
школи и/или академски натпревари ќе се смета како предност 
впечаток од интервјуто (за новите кандидати кои ќе бидат поканети на интервју)

Дополнителни забелешки

Главни согледувања на процесот на селекција на Програмата за стипендирање се:

  • Во понатамошната селекција Програмата ги класифицира кандидатите во две групи: кандидати кои се потенцијални обновувачи и нови кандидати.

Потенцијални кандидати – студенти кои добиле РЕФ стипендија за претходниот академски циклус и се пријавиле да ја обноват својата стипендија.

Нови кандидати - студенти кои не добиле РЕФ стипендија во претходната академска година, без оглед на тоа дали добиле во претходните години.

  • Програмата во секоја земја има донесено одлука за спроведување на квота за доделени стипендии, за средношколци и за студенти врз основа на различни фактори.
  • Програмата воспостави среден просек на оценките (СПО) како еден од критериумите за селекција. Минималниот СПО кој треба да го имаат кандидатите за да бидат избрани за стипендија зависи од бројот на кандидати и конкуренцијата секоја година.

3. Механизми за донесување одлука
(на почеток)

РЕФ/ПС е одговорен само во процесот на селекција на критериумите за аплицирање, направени од страна на национланиот координатор. Понатаму, одговорноста на РЕФ/СП е да се осигура дека воспоставениот механизам и критериуми се почитуваат и се користат соодветно од страна на релевантните органи, како што е објаснето подолу. Оние кои се заинтересирани да дознаат повеќе детали во однос на улогите на ПС и националниот координатор, слободно може да го прочитаат Оперативниот прирачник.

Изборот на стипендисти го врши Националната комисија за селекција (НКС). Комисијата се состои од тројца членови, двајца од нив се претставници на Министерството за образование и наука, Министерство за здравство и третиот член е претставник од граѓански сектор.

 

4. Процес на селекција 
(на почеток)

Чекори се објаснети подолу:

Чекор 1: Да се верифицира дали се исполнети сите барања од критериумите за добивање на стипендија од Програмата. Овој чекор се состои во техничка проверка на материјалите од пријавата, која ја врши тимот на РЕФ/ПС.

Чекор 2: Оценување на содржината на апликацијата. Оваа проценка и евалуација ја вршат членовите на НКС при РЕФ/ПС во конкретните земји опфатени со Програмата.
Членовите на НКС, имаат обврска секоја апликација поединечно да ја оценува (да дава бодови) согласно предходно воспоставените критериуми за оценување, системот потоа ги калкулира оценките/бодувањата на прелиминарна ранг листа. Врз основа на ранг листата кандидатите може да бидат на (листа на условно прифатливи апликации кои ги исполнија условите или на листа на чекање) или листа на кандидати кои се одбиени. 

Чекор 3: Резултати од спроведените лични интервјуа со кандидатите кои ќе за запишат прва година средно медицинско образование или ќе студираат во прва година на академско ниво (додипломски, последипломски или докторски студии) во академската 2012-2013. Кандидатите избрани во потесниот круг ќе бидат поканети на интервју (кое е задолжителни) и кое ќе го спроведува членовите на НКС, во секоја земја (повеќе детали за интервјуата се дадени подолу). По спроведените интервјуата секоја земја ја ажурира ранг листата.

Чекор 4: Прикачување на потврди за редовен студент/ученик и висина на партиципација за академската 2012-2013 година. Кандидатите кои се на потесната ранг листа ќе мора да ги прикачат соодветните потврди (со цел да докажат дека се запишани во академската 2012-2013 година) согласно рокот за нивно прикачување, наведено во електронската апликација.

Чекор 5: Финализирање на процесот за селекција: по завршување на четвртиот чекор, програмата ќе ја финализира конечната ранг листата на стипендисти. Листата на условно-прифатливи кандидати кои ги исполнија условите и кои прикачија соодветни потврди за редовен студент во предвидениот рок се стипендисти на РХСП. Од истата категорија, оние кандидати кои не прикачија соодветни потврди во предвидениот рок, за жал ќе бидат одбиени и заменети со кандидати кои се на листа на чекање.

ВАЖНО:  Новите кандидати ќе бидат поканети да присуствуваат на Ориентациона средба. За време на средбата, кандидатите ќе добијат детални информации за улогата и одговорностите на РЕФ/ПС. Оваа средба ќе се одржи во земјите опфатени со Програмата, од мај до семптември 2012 година. Местото и датумите на овие средби ќе им бидат соопштени на кандидатите по е-маил. 

Новите РХСП кандидатите (кои ќе бидат прва година средно или високо образование) ќе треба да учествуваат на интервју. Известувањата за интервјуа ќе бидат испратени преку е-маил од страна на националниот координатор на Програмата.

Интервјуата ќе ги водат Членовите на Националната комисија за селекција. Кандидатите кои нема да влезат во потесниот круг, нема да присуствуваат на интервјуто за жал нема да бидат земени во предвид во понатамошниот процес на селекција. Трошоците за превоз за присуство на интервјуата ќе бидат покриени од страна на РЕФ.

Потенцијалните РХСП кандидати ќе бидат поканети да учествуваат на Кампот за застапување (види 7 точка, подолу). Писмата за учество на кампот за застапување ќе бидат испратени од страна на Националниот координатор. Потенцијалните РХСП кандидати кои нема да учествуваат на кампот за застапување за жал ке бидат одбиени.


 
5. Соопштување на одлуките за селекција
(на почеток)

Програмата ги соопштува резултатите од процесот на селекција на кандидатите, преку е-маил на две наврати:

  • Првиот, после третиот чекор наведен погоре (на крајот од месец ЈУЛИ/почеток на АВГУСТ) кандидатите ќе добијат официјални писма-мејлови (од страна на системот) за тоа дека се одбиени (со наведени причини), или писма-мејлови со објаснување за чекорите кои следуваат понатаму, со цел кандидатот/а да да остане во понатамошна конкуренција.
  • Вториот, после петиот чекор наведен погоре (ОКТОМВРИ) кандидатите ќе добијат официјални писма-мејлови (од страна на системот) за тоа дека се одбиени со наведени причини или писма-мејлови за тоа дека се РХСП стипендисти

Кандидатот може да ја обжали одлуката на Националниата комисија, за време од еден месец откако ќе добие официјален е-маил (од страна на системот). Жалбите треба да се испратат до РЕФ/ПС на е-маил scholarships@romaeducationfund.org. Наведената е-маил адреса Ве молиме да ја користите исклучиво за жалби. За други прашања чувствувајте се слободни да го контактирате националниот координатор.

Тимот на РЕФ/ПС ги разгледува, класифицира и одговара на жалбите, зависно од нивната природата РЕФ/ПС одлучува дали жалбата ќе ја препрати на Омбудсманот. Задачата на Омбудсманот е поединечно ги разгледува жалбите врз основа на доставените документи и докази кои ги има доставено кандидатот/а, Програмата, членовите на НКС и интернационалната комисија за селекција.

 

6. Фази на аплицирање и рокови
(на почеток)

Со цел, Програмата за стипендирање да ве има во предвид во академската 2012-2013 година, кандидатите ќе треба да се придржуваат до следниве две фази/рока, кои се детално опишани подолу:

Прва фаза– Краен рок: 15 јуни 2012 година

Пријавата мора да биде испратена преку електронски пат (on-line) – со сите неопходни информации и документи.

Препораката(те) – мора да биде/т скенирани и прикачени во прилог на апликацијата, и:

  • да биде напишана од лице кое е запознаено со академските достигнувања на кандидатот или активности околу Ромските прашања; лицето може да биде универзитетски професор на кандидатот, водач на НВО или претпоставен;
  • да содржи оригинал потпис и печат (доколку има) на лицето кое ја дава препораката;

Уверението за положени испити/Сведителството и Евидентен лист - мора да бидат скенирани прикачени во прилог на апликацијата, и:

  • да биде официјално Уверение/Сведителство и Евиденционен лист за положени испити од сите предходно завршени академски/учебни години, како и последниот завршен семестар/полугодие од Септември – Декември 2011 (во случај кандидатот/та да бил запишан/а на Универзитет/Училиште тој/таа треба да прикачи скенирана верзија од уверени за положени испити и диплома, од последната завршена академска/учебна година средно училиште/универзитет)
  • да содржи оригинал печат на универзитетот и потпис на претставник на универзитетот.

Копијата од лична карта/пасош - мора да биде скенирана и прикачена во прилог на апликацијата, и:

  • да биде читлива и да биде копирана од двете страни доколку се работи за лична карта.

Договорните обврски - се дел од електронската апликација, и треба да бидат прифатени од страна на кандидатите, со цел да бидат земени во предвид во академскиот конкурс:

  • договорните обврски, претставуваат правно и законски обврзувачки документ, со чие потпишување кандидатот дава согласност дека ќе ги почитувате барањата и условите на РЕФ/ПС доколку биде избран/а за стипендијата;
  • договорните обврски ќе бидат прегледани и потпишани електронски, од секој кандидат;
  • ве молиме, имајте предвид дека потпишувањето на Договорните обврски НЕ значи добивање или гарантирање на изборот на кандидатот за стипендија!

Втора фаза– Краен рок:

  • 15 ОКТОМВРИ 2012

Потврда за редовен студент/ученик - мора да биде скенирана и прикачена во прилог на апликацијата, и:

  • да биде оригинална потврда за запишана година на факултет, со која се потврдува дека кандидатот/а е запишан/а во академската/учебна 2012-2013 година;
  • да го содржи целосното име на кандидатот/а, годината на студии, називот на Универзитетот/факултетот/училиштето, катедрата, специјализацијата и типот на студии (т.е. редовни, вонредни, дописни итн.);
  • да НЕ содржи исправки освен ако не се заверени и потпишани од лицето кое го издало документот

Потврдата за партиципација - мора да биде скенирана и прикачена во прилог на апликацијата, и:

  • оригинална потврда за партиципација во која се наведува партиципацијата за академската 2012-2013 година (доколку има); износот на партиципација треба биде наведен на Потврдата за запишана академска година, а дополнително треба да има печат, веднаш до износот наведен на потврдата.

 

7. Дополнителни предности на РХСП програмата
(на почеток)

Менторство
Со цел да им се помогне на стипендистите од Програмата за медицински стипендии за Роми, да ја надминат изолираноста и да се охрабрат успешно да дипломираат, програмата ќе обезбеди постојана менторска поддршка за студентите. 

Програма за менторство:

  • ќе го поддржи професионалниот развој на студенти Роми во сите програмски земји 
  • ќе назначи ментор, кој ќе работи со стипендист, менторот ќе може да им обезбеди поддршка на две нивоа (академско и професионално).
  • ќе помогне во борбата против дискриминација на студенти/ученици Роми доколку тие се соочат со дискриминација, или доколку се сведок на случаи на дискриминација на Ромите во здравствените установи.

Летен камп за Застапување
Потенцијалните РХСП кандидати ќе бидат поканети да учествуваат на Кампот за застапување, во траење од 7 дена во периодот на месец август или септември. За време на летниот камп кој ќе се одржи еднаш годишно, ќе учествуваат потенцијалните стипендисти и нивните ментори. Преку обуки ќе им бидат понудени знаења за зачувување на Ромскиот идендтитет и избегнување на загуба на културата. Преку обуки за јакнење на капацитети ќе се овозможат активности за промена во ромските заедница - вклученост и интеркултурно посредување.Обуката за застапување ќе им овозможи на студентите/учениците поширока перспектива за човекови права вклучувајќи го влијанието на здравствената заштита во ромската заедница, и нивната улога на локално, национално и меѓународно ниво. Летниот камп за застапување обезбедуваат можност за вмрежување и градење на односи меѓу стипендистите

Општа програма на кампот за застапување:

1. Личен развој /развој на лидерски вештини на стипендистите:

  • основни елементи за комуникација,
  • посредување, преговарање, конфликт менаџмент,
  • меѓу-етнички дијалог,
  • развивање на личен план за развој,
  • управување со време,
  • основи на компјутерските вештини,
  • пишување на предлог проект,
  • ромска култура и внатрешна разновидност (главна цел, ментори) или улогата на здравствена заштита во ромската култура (податоци со кои се соочува ромската заедница во однос на здравството, развој на свеста за културните елементи кои се вклучени во односот што постои меѓу Ромските мажи/жени и здравјето, информации во врска со здравствената состојба на ромското население). 

2. Обука за застапување:

  • право на здравствена заштита во рамките на човековите права,
  • македонско здравствено законодавство и соодветните одредби на анти-дискриминација,
  • проблеми во јавното здравство,
  • основни алатки за застапување, лобирање, организирање на заедницата за промена, вмрежување, можности за поактивно учество во ЕУ мрежите со цел да се зголеми застапувањето и споделувањето на информации и можности,
  • стратегии за застапување и подобрување на пристапот до здравствените услуги,
  • сесии за совладување на пречките на пристапот на Ромите до квалитетни здравствени услуги
  • подигање на свеста на здравјето во ромските заедници,
  • (недостатокот на) рамки за заштита и унапредување на правото на здравствена заштита и сродните права, како на пример етички кодекс за здравствените работници, повелба за права на пациентите, механизмите за жалби од било каков вид, или канцеларии за човекови права кои се занимаваат со заштита на здравствени права (Народниот правобранител, Националниот совет за борба против дискриминација, Ревидираната Европска социјална повелба).

Учеството на кампот за застапување е ЗАДОЛЖИТЕЛНО и воедно е услов за финална селекција на РХСП стипендистите.

РХСП Грантови за учество на академски настани и изучување на курсеви за странски јазици

Покрај редовната академски РХСП стипендија, стипендистите на РХСП може да аплицираат за дополнителна финансиска поддршка за учество на академски настани или за изучување на странски јазик. Сите информации во врска со овие дополнителни можности за финансисрање се достапни тука.

РХСП грант за учество на академски настан:

Стипендистите на Програмата за медицински стипендии за Роми можат да аплицираат за дополнителни средства за учество на академски настан со цел да го подобрат својот академски и професионален развој преку учество на вон-наставни активности релевантни за областа што ја студираат/учат. Насоките и offline формуларот за аплицирање се достапни, тука

Строго се препорачува, кандидатите ВНИМАТЕЛНО да ги прочитаат барањата и упатствата на Програмата и во случај да имаат прашања задолжително да го контактираат националниот координатор.

Ве молиме да имате предвид дека според политиката и постапките на РЕФ/ПС, оние кандидати за кои ќе се докаже дека фалсификувале документи во иднина нема да бидат земени предвид за ниту една програма финансирана од РЕФ.