Наменско писмо

Забелешка: РЕФ Програмата за стипендирање се однесува исклучиво на лица од ромска националност!


Ве молиме внимателно прочитајте ги подолу наведените инструкциите во однос на Наменското писмо

Наменско писмо за стипендијата на РМУСП е напишано како изјава за намена со која ќе треба да ги убедите членовите на Националниот одбор за селекција дека заслужувате стипендија за РМУСП да ви помогне да се запишете на факултет/ универзитет и да станете најдобри во вашата избрана професија. Треба да ги наведете квалификациите за да покажете дека сте способни и дека сигурно ќе бидете успешни во одбраната професија, причини зошто сте достојни да бидете поддржани од шемата формирана за студенти Роми.

Откако ќе образложите за вашите планови за вашите студии, можете исто така да раскажете за вашите претходни академски записи, какви било поврзани академски воннаставно или работно искуство или какви било дополнителни вештини или квалитети, како што се вештини за лидерство или тимска работа. Треба да бидете во можност да го убедите комитетот за доделување стипендии дека сте многу посветени на вашата кариера. Треба да го заокружите вашето наменско писмо преку наведување на вашите краткорочни академски, како и долгорочни професионални цели.

ВАЖНО: Задолжително е да се обезбедат информации за контакт на едно лице како референца на страна 4 во ЕП за поддршка на вашата апликација за стипендија на РМУСП. Лицето за контакт може да биде вашиот ментор, универзитетски професор, наставник, водач на заедницата или претставник на организацијата во која сте волонтирале.

Забележете дека референтното лице ќе биде контактирано од страна на персоналот на Програмата, за верификација, појаснувања и можеби за дополнителни информации, затоа ви се препорачува да доставувате информации за контакт на лица кои темелно го познаваат вашиот академски пат, вашите вредности, аспирации, квалитетни средства, упорност , лидерски вештини, врски со заедницата или друго.

Имајте на ум дека референтно лице не може да биде член на семејство, роднина, близок пријател или друг кандидат за стипендија во тековниот академски циклус. Член на Национален одбор на селекции не може да биде твоја лична референца.

Ве молиме, употребетеја следнава структура за своето наменско писмо.

Име:

Назив на академската институција каде што ќе ги продолжите вашите студии во 2020/2012:

Област на студирање / специјализација

Содржина на твоето Наменско Писмо
(најмалку 300 најмногу 500 зборови)

Писмото треба да биде напишано во ВОРД документ и прикачено како прилог на СТРАНА 4 во ЕП во PDF или WORD формат.