RHSP - 2017- 2018 УПАТСТВО ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

[English] [Български] [Română] [Srpski]

Важно: РЕФ Програмата за стипендирање е наменета исклучиво за Роми!

ОСНОВА И ФИЛОЗОФИЈА НА ПРОГРАМАТА
Главната цел на Ромскиот образовен фонд/Програма за стипендирање (РЕФ/ПС) е  придонес за појава на критична маса на Ромите, со високо образование, сигурни и горди на својот Ромски идентитет, академски и социјални вешти, како и со стекнати вештини и компетенции кои им овозможуваат да станат професионалци во својата области и остануваат цврсто поврзани со ромската заедница во понатамошна поддршка на нејзиниот напредок и вклучување во поширокото општество.

Цел на РХСП програмата:

Мисија: РХСП има за цел да го трансформира медицинскиот систем од внатре, да го направи по инклузивен и да ја спречи дискриминацијата и кршењето на човековите права на Ромите. Преку инвестирањето во генерација Роми медицински професионалци и давателите на здравствени услуги на Ромите, програмата има за цел да се справи и да помогне во реформи  од проблематичните тековни практики, да ги надмине  предизвиците и да се уништат негативните стереотипи и ставови. Исто така, РХСП има за цел да помогне во зголемување на достапноста на здравствените услуги за Ромите, зголемување на нивната доверба во системите за здравствена заштита и во целост да ги користат здравствените услуги.

Целта на РЕФ Програма за стипендирање, РХСП е да се обезбеди поддршка за медицинските студии, со обезбедување на стипендии, менторство и обука за застапување, за ромските ученици во четири земји: Бугарија, Македонија, Романија и Србија. Со цел да се одговори на потребата за развој на генерација Роми и медицински професионалци, РЕФ/ПС ќе ја спроведе компонента за стипендирање, преку обезбедување на поддршка за стипендирање на студенти Роми кои студираат и се образуваат во насока на постигнување на повисок степен на медицински сестри и / или лекари во државните акредитирани / признати Медицински училишта и Медицински факултети во земјите каде што живеат.

Програмата за стипендирање на Ромскиот образовен фонд (РЕФ/ПС) го објавува отворањето на неговиот годишен циклус на стипендирање на Програмата за медицински стипендии за Роми (РХСП), наменети за студенти Роми (обновувачи) кои студираат на Медицина на државно акредититрани универзитети и средни медицински училишта во Бугарија, Македонија, Романија, и Србија, за 2017 -2018академска година.


РХСП програмата ги смета прифатливи за пријавување (т.е. имаат право да се пријават за РХСП стипендија) исклучиво кандидати, кои во текот на академската/учебната 2016-2017 година биле корисници на RHSP стипендија. Финансиските средства се обезбедени од програмата за Ромско здравје на Фондацијата Отворено општество од Будимпешта.

Краен рок за аплицирање е: 11 МАЈ 2017;

Забелешка: Пред да започнете со процесот на аплицирање, ние ве советуваме да:

- внимателно прочитајте го Водичот за аплицирање пред да одите на онлајн формуларот за аплицирање (ОФА), со цел да бидете во можност да ги разберете барањата и да обезбедите успешна усогласеност и пополнување на вашата апликација;

- почнете со пополнување и завршување на вашата форма за аплицирање што е можно порано и пред истекот на рокот.

Ве молиме контактирајте со координаторот на вашата земја само во случај да се бараат појаснувања кои не се наоѓаат во Водичот за аплицирање.

:::

Важно

Задолжително е да се пополнат чекори во пријавата по следниот редослед:

->ЧЕКОР 1: комплетира (надополни), Лични информации;
->ЧЕКОР 2: комплетира (надополни), Анкета и
->ЧЕКОР 3: Пристап до Листа на апликации, одбери програма, комплетирај и испрати пријава.

Онлајн пријавата (ОФП) може да се поднесе само доколку ЧЕКОР 1 и ЧЕКОР 2 се комплетни.

Ве молиме, имајте во предвид доколку ја обновувате вашата пријава, треба да се вратите во сите чекори со цел да ги проверите и доколку имате измени во информациите да направите измена и да ги внесете точните и соодветни информации со цел правилно да се одразува на вашата актуелна ситуација.

Содржина

I. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

II. КРИТЕРИУМИ ЗА ПОДОБНОСТ

III. ФАЗИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

ПРВА ФАЗА - Доставување на онлајн формулар за аплицирање(ОФА)

ВТОРА ФАЗА – ВЕРИФИЦИРАЊЕ НА ЗАПИШУВАЊЕТО

IV. МЕХАНИЗАМ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ ОДЛУКИ

A. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР

B. ПРОЦЕС НА СЕЛЕКЦИЈА

Чекор еден – Проверка на подобност

Чекор два - Евалуација на апликацијата

Чекор три – Поднесување на сертификати за упис (2017-2018 академска година)

Чекор четири – финализирање на процесот на селекција

V. КОМУНИЦИРАЊЕ НА РЕЗУЛТАТОТ ОД ПРОЦЕСОТ НА СЕЛЕКЦИЈА

VI. МЕХАНИЗАМ ЗА ЖАЛБИ/ОСПОРУВАЊЕ

VII. ДОПОЛНИТЕЛНИ КОМПОНЕНТИ

:::


I. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

(оди на табела на содржина)

  • РЕФ може да поддржи студент под РХСП, во текот на неговите / нејзините студии,
  • Средно стручно медицинско образование (еднаш), со трансфер во друго училиште / специјализација е дозволено само еднаш;
  • Додипломски медицински студии со трансфер во друг медицински универзитет/ специјализација кој е дозволен само еднаш;
  • Додипломски медицински студии, за максимум три години и
  • Постдипломски медицинска студии, за максимум две години (докторски студии).
  • Стипендијата РХСП е наменета за покривање на трошоците поврзани со студиите како што се учебници, такси за испити, како и трошоците за живеење, делумно;
  • Поддршка или стипендијата се доделува на успешни кандидати само за академската година за која што аплицирале (на пример, 2016-2017 академска година); студентите кои се заинтересирани за добивање на стипендија во последователна академска година мора, да поднесат нова пријава и да влезат во конкуренција за секој циклус за стипендија.


Процесот на аплицирање за РЕФ/ПС е спроведена онлајн преку системот за онлајн формуларот за пријавување (ОФП) и се состои од две фази:
1.    Поднесување на онлајн формулар за пријавување (ОФП);

2.    Верификација на запишувањето: поднесување на Сертификат за упис и Сертификат за висина на партиципација (доколку е применливо); втората фаза се применува само за оние кандидати кои успеале во конкурирањето (понатамошни детали во врска со процесот на селекција,  третиот чекор).


ПОЛИТИКИ НА КУМУЛАТИВНИ БЕНЕФИЦИИ 

Кандидатите кои од моментот, кога ќе бидат известени за тоа дека добиваат поддршка стипендија во текот на академска 2017-2018 година од трето лице (институции, владини програми, меѓународни програми, приватни донатори) имаат обврска во писмена форма, да го известат Националниот координатор. Известувањето треба да содржи податоци како што се назив на лицето/институцијата што го доделува грантот, износот, опфатениот период и целта.

  • Ве молиме, имајте во предвид дека конвенционални Универзитетски стипендии (екселенција, студија и социјали) стипендии не претставуваат кумулативна бенефиција, и за нив не треба да известите во РЕФ/ПС.

Критериумот за кумулативна корист, за оние кои примаат стипендија поддршка од трети лица, ќе се применува само кај студенти кои ќе добијат стипендија, поддршка која е еднаква или поголема од она што РЕФ обично ќе понуди, со оглед на ниво на студии и школарина.

Важно: Во ситуации кога стипендистите нема да го известат Националниот координатор за фактот дека добиваат бенефиција и поддршка за стипендија од друга страна, соодветниот кандидат ќе биде дисквалификуван од понатамошна конкуренција  од страна на РЕФ Програмата за стипендирање.

КОНФЛИКТ НА ИНТЕРЕС

Кандидатите кои се вработени (постојани-фиксни позиции) во Фондацијата Отворено општество (ФОО), или на националните Фондации при Сорос мрежата на Фондации (SFN), како и Ромскиот Образовен Фонд, не ги исполнуваат условите да бидат  РЕФ стипендисти

II. КРИТЕРИУМИ ЗА ПОДОБНОСТ

(оди на табела на содржина)

Со цел да бидат подобни за стипендија на РХСП конкурсот, кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

  1. Отворено се декларираат како Роми;
  2. Да се тековни РХСП стипендисти (за академската 2016-2017 година) од следните земји: Бугарија, Македонија, Романија и Србија и да ја обноват пријавата;
  3. РЕФ/ПС кандидатите кои ја обновуваат а при тоа ја повторуваат годината на студии (студенти кои добивале РЕФ стипендија во предходната академска година(и) и се пријавуваат за да ја обноват стипендијата за истата година на студии), не ги исполнуваат условите за добивање на стипендија;
  4. РЕФ/ПС ги прифаќа само оние апликации кои се на напредно – наредно ниво на студии;
  5. Студентите кои учат од далечина и се на вонредни додипломски студии не се подобни за поддршка стипендија во сите шеми РЕФ СП;
  6. РЕФ/ПС ги прифаќа само оние апликации кои се на напредно – наредно ниво на студии;

    •     На пример: ако барателот е дипломиран магистер, предложеното ниво на студии во РЕФ/ПС конкуренцијата треба да биде за следното ниво на студирање, во овој случај, за докторски студии / докторат. Друг пример за неподобност ќе биде: дипломирани студенти на докторски студии да аплицираат за магистерски, или додипломски студии, или дипломирани магистри кои конкурираат за втор мастер, или за додипломски студии; РЕФ/ПС ги прифаќа само оние апликации каде студиите се остваруваат во рамките на официјалната конвенционална должина на диплома (на пример, ако студентот е на додипломски студии од 3 години ќе бара стипендија за 4-та година - поради одложувањето – дури и ако е дозволена од страна на универзитетот - пријавата нема да се смета за подобна);
  7. Периодот одобрен од страна на универзитетите за студентите да ја подготват нивнита конечна теза (што не бара задолжително присуство на студентите на семинари / колоквиуми, курсеви, предавања, задолжителна пракса или испитување) не ги исполнува условите за стипендија;
  8. Испраќање на комплетен и целосен онлајн формулар за пријавување (ОФП) согласно на дадениот временски рок.

    Важно: Апликациите кои не ги исполнуваат овие критериуми за подобност не се сметаат понатаму во конкуренцијата на стипендија.

    Студентите чии апликации ќе бидат прогласени за неподобни по завршувањето на процесот на проверка на подобност истите ќе бидат известени од страна на РЕФ СП.

    III. ФАЗИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

    (оди на табела на содржина)

    Со цел бидат земени во предвид за стипендија во академската година 2016-2017 кандидатите мора да ги почитуваат роковите за реализација на програмата за Првата фаза – рокот за доставување на онлајн формулар за аплицирање за секоја земја или програма (каде што е применливо), како и со Втората фаза - Поднесување на сертификатот за упис и на сертификатот за школарина (доколку е применливо), како што е опишано во детали подолу.

    ПРВА ФАЗА – ДОСТАВУВАЊЕ НА ОНЛАЈН ФОРМУЛАР ЗА АПЛИЦИРАЊЕ (ОФА)

    RHSP рок за аплицирање од Бугарија, Македонија, романија и Србија 11 МАЈ 2017;

    Важно

    Онлајн формулар за апликација (ОФА) мора да се пополни исцрпно; кандидати мора да ги обезбедат сите потребни информации и валидни документи.

    Задолжително е да се пополнат следните чекори во нивниот логичен редослед. → ЧЕКОР 1: лични информации; → ЧЕКОР 2: Истражување; и → ЧЕКОР 3: Пристап до листата на апликации, одберете ја програмат за стипендија, пополнете ја и поднесете ја.

    Онлајн формуларот за апликацирање (ОФА) може да се поднесе само ако е целосно завршен и само ако ЧЕКОР 1 и ЧЕКОР 2 се целосно завршени.

    Целосен и комплетнен онлајн формуларот за пријавување (ОФП) содржи:

    Писмени задачи (ОФП страна 3)

    •    Завршена писмена задача за Академски цели - Изјава за целта која се базира на академски достигнувања и ги изразува академски цели на апликантот, покажувајќи посветеност и мотивација за учење за посакуваната или наменета диплома;

    •    Завршена писмена задача за Есеј за ромските прашања, во согласност со инструкциите наведени во OФП

    АКАДЕМСКА НЕЧЕСНОСТ  (палгијат и личен плагијат)

    РEФ/ПС применува специфични критериуми кои се занимаваат со ова прашање. Сите детали се задолжително да бидат прочитани преку пристап на линк.

    Документи кои се приложуваат / поставуваат во РЕФ СП Онлајн ситемот за аплицирање:

    *Ве молиме направете квалитетно скенирање во боја, со цел сите информации да се јасно читливи (заматените/нејасни документи нема да се земат во предвид).

    • Лична карта / пасош скенирана копија од двете страни;
    • Официјален препис на академски оценки како што е наведено овде;
      Студентите кои студираат докторат треба да достави препис на оценки, исто така, ако е достапно; во случај доколку немало испитување со оценување во академската година, студентите на докторски мора да поднесат извештај за напредокот издаден од нивните претпоставени;

    Најмалку една детално, информативно и релевантно Референтно писмо (РП), напишано специјално за да служи за апликацијата за РЕФ СП (како што е наведено тука)

    Важно: Задолжително е дека најмалку едно РП е издадено од страна на законски регистрирана Ромска организација / фондација од соодветната земја.

    Забелешка: Во случај ако кандидатите се соочуваат со тешкотии – од објективни причини - во добивање на било кој од горенаведените потребните документи, или да ги прикачи во ОСА, тие треба да го известат преку е-мејл координаторот на нивната земја, пред истекот на рокот за поднесување на апликацијата.

    Известувањето треба да содржи детали за предизвикот и докази за поддршка на барањето.

    ВТОРА ФАЗА – ВЕРИФИЦИРАЊЕ НА ЗАПИШУВАЊЕТО

    Краен рок: Есен 2017 година

    Датумот за секоја земја ќе биде доставен од страна на РЕФ СП само на кандидати кои ќе останат во втората фаза од конкурсот.

    Официјален сертификат за упис/
    Сертификат за школарина/партиципација  (ако е применливо) - мора да биде скениран и поставен како прилог на ОФА и мора да ги исполни сите барања како што е наведено тука.

    IV. МЕХАНИЗАМ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ ОДЛУКИ

    Механизмот на донесување одлуки е врз основа на специфични критериуми и процесот на селекција како што е наведено подолу:

    A. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР

    (оди на табела на содржина)

    Критериумите за избор на РЕФ програмите за стипендија ја земаат во предвид важноста и квалитетот на информациите и на поднесените документи. Со цел да ги зголемат своите шанси за конкурсот, кандидатите треба да се стремат да бидат целосно во согласност со критериумите за избор и да презентираат конкурентна апликација и соодветни и релевантни материјали.

    Листата на критериуми за проценка и тежина на секој критериум за пресметка на конечниот резултат на барањето се наведени подолу.

    ТАБЕЛА ЗА ПРОЦЕНКА – ЕВАЛУАЦИЈА

    Критериум

    Точки за евалуација

    Вредност во однос на вкупните поени

    1. Просек

    • Вредноста на просекот се пресметува во согласност со бараните документи.
    • Детали околу начинот на пресметка на Просекот спроведен од Програмата е прикажан тука.

    40%

    2. Академски цели-Изјава за намена (писмо за мотивација)

    • Стилот и флуентноста на пишување;
    • Сеопфатност, концизност и кохерентност на идеите и информациите;
    • Способноста да се артикулираат академските цели и/или достигнувања;
    • Посветеност и мотивација за студирање;
    • Академски напредок во однос на предходната година, доколку кандидатот ја обновува стипендијата.

    15%

    3. Есеј за Ромски прашања

    • Опис базиран на лично искуство одактивноучество во активности поврзани со Ромското прашање.
    • Стилот и флуентноста на пишување;
    • Сеопфатност, концизност и кохерентност на информациите;
    • Способност на кандидатот/а јасно и артикулирано да изнесува идеи и аргументи;
    • Свесност и знаење за Ромското прашање.

    10%

    4. Активности поврзани со Роми/допроволен придонес и поддршка за унапредување на Ромите

    Учество на активности, иницијативи, проекти и настани поврзано со Роми на волонтерски основа:

    Спроведени преку организации и/или институции, или приватна / неформални групи и иницијативина приватна /индивидуална основа.
      
    • За опис на потенцијалните волонтерски активности, посетете го следниотб линк

    30%

    5. Препорака

    • Нивоа на стекнати вештини и квалитети презентирани преку практично искуство;
    • Релевантни податоци за академските достигнувања на кандидатот; и/или
    • Вклученост во активности поврзани со Ромско прашање.

    5%

    B. ПРОЦЕС НА СЕЛЕКЦИЈА

     

    Чекор еден – Проверка на подобност

    Техничка проверка на подобноста на апликантот со критериумите за подобност на програмата. Овој чекор е спроведен од страна на координаторите на РЕФ СП за секоја земја.

    Чекор два - Евалуација на апликацијата

    Оценувањето се врши од страна на членовите на РЕФ/ПС на Националниот одбор за избор (НОИ) во соодветните програмски земји. Членовите на НОИ независно ги разгледуваат онлајн поднесените пријави, една по една, и доделуваат бодови на секоја пријава според претходно утврден сет на критериуми за оценка. Конечниот резултат за секоја пријава произлегува од просекот на независните резултати на НОИ. Системот автоматски ги рангира сите пријави врз основа на нивната последни резултати, во опаѓачки редослед, од највисоко до најниско. Врз основа на системот за рангирање и позицијата на кандидатите тие заземаат место на листата или се во потесниот избор (на условно прифатени или на листа на чекање), или одбиени.

    Чекор три - Поднесување на Сертификатите за упис (2017-2018 академска година)

    Кандидатите од двете категории "условно прифатени", и "листа на чекање" до крајниот рок на програмата ќе треба да поднесат во нивната ОФП, официјална и валидна потврда за упис која докажува дека тие се запишани во валидна академска програма.
    Во прилог на потврдата за упис, во оваа фаза кандидатите кои добиваат  или очекуваат да добијат алтернативна стипендија- поддршка (од третта страна) треба да достават информации до Националниот координатор, како што е опишано во Секцијата за кумулативни бенефиции.


    Чекор четири - Финализирање на процесот на селекција

    По завршување на горенаведените чекори, системот е во тек со конечниот статус на секој кандидат од листата на "условно прифаќање" и "листа на чекање", и генериран е конечниот список на корисници на стипендија, по земја и по шема на стипендии.

    Кандидатите кои се рангирани во рамките на "условно прифатени" категорија и кои ги исполнуваат барањата на програмата во вториот краен рок, стануваат корисници на програмата.

    • Кандидати од категорија " листата на чекање ", може да се земат во понатамошниот процес само доколку кандидати од категоријата “условно прифатени” не успеат да ги исполнат барањата,  во вакви ситуации системот прави автоматска промена со кандидати од " листата на чекање “ базирани на добиениот  резултат.

    V. КОМУНИЦИРАЊЕ НА РЕЗУЛТАТОТ ОД ПРОЦЕСОТ НА СЕЛЕКЦИЈА

    (оди на табела на содржина)
    Програмата ги комуницира резултатите од процесот на селекција на кандидатите преку е-маил адреса која тие ја регистрирале на својот ОФП профил, во два наврати:

    Прво
    , по чекор три споменат погоре (крајот на јули - август), кога апликантите ќе добијат:

    • Писмо за условно прифаќање или писмо за листа на чекање со инструкции за понатамошни чекори кои треба да се преземат од страна на апликантот со цел да останат во конкуренција; или
    • официјално писмо за одбивање со наведени причини за одбивање;

    Второ, по чекор пет наведен погоре (крајот на октомври - ноември) кога апликантите ќе добијат:
    службено писмо за известување; или

    • писмо за отфрлање со наведени причини за одбивање.

    VI. МЕХАНИЗАМ ЗА ЖАЛБИ/ОСПОРУВАЊЕ

    (оди на табела на содржина)

    Апликантите имаат можност да ги оспорат резултатите од конкурсот на Програмата за стипендии во рок од еден месец од моментот на приемот на известувањето од програмата.

    Жалбите/оспорувањето треба да се испрати на РЕФ/ПС, само на оваа е-маил адреса: REFSP_contestations@romaeducationfund.org
    Жалбите /оспорувањето испратенo до други е-маил адреси од онаа што е наведена погоре нема да се разгледува или признае.

    Исто така, РЕФ/ПС бара апликантите да ја користите оваа е-маил адреса само за жалби/оспорувања во врска со резултатите од процесот на селекција. За било какви други прашања ве молиме контактирајте го Координаторот на вашата земја, само во случај да се бараат појаснувања кои не се наоѓаат во Водичот за аплицирање.

    РЕФ/ПС ги категоризира оспорувањата и им дава решение. Во зависност од природата на жалбите, РЕФ/ПС може да одлучи да ги пренасочи кон независниот правен советник / консултант.

    ВАЖНО

    Трансфер од еден универзитет / факултет / област на студии во друга, по диплома, е дозволено само еднаш во програмата.

    • Секаков вид на промени, како што е опишано погоре, треба да се извести Националниот координатор, идеално е пред измената во рангирањето.
    • Студентите можат да аплицираат за различни програми на РЕФ стипендијата истовремено, доколку ги исполнуваат условите и се во согласност со критериумите на секоја програма. На крајот на процесот на селекција, доколку бидат прифатени во повеќе од една програма на РЕФ, засегнатите кандидати ќе имаат обврска да изберат само една стипендија и формално ќе го извести преку е-маил координатор од нивната земја за нивната одлука.

    Принципот на предност во конкуренцијата
    Во случај на примена на споредлив квалитет на апликациите, предност ќе се даде на кандидатите кои не добиле високо образование со финансиска поддршка на РЕФ/ПС.

    •  Пример: ако студентот А веќе има завршено високо образование, за кои тој/таа добиле РЕФ/ПС поддршка и се однесува за финансиска поддршка за магистерски студии, додека ученикот Б е квалификуван за поддршка РЕФ/ПС, за прв пат (не е поддржан од страна на РЕФ/ПС претходно), да студира постдипломски, предност ќе се даде на студентот Б.

    РЕФ/ПС го задржува правото да прифати задоцнети пријавувања (за докажани објективни причини) само доколку студиите започнуваат пред завршување на 2017 година, и тоа само ако оваа ситуација се пренесе на координаторот во земјата преку известување преку е-маил, пред истекот на крајниот рок за поднесување на сертификат за запишување.

      VII. ДОПОЛНИТЕЛНИ КОМПОНЕНТИ

      (оди на табела на содржина)

      Освен финансиската поддршка, RHSP стипендистите имаат можност да аплицираат за:

      • Дополнителни компоненти (обезбедување на финансиска поддршка, грантови за тековните корисници на RHSP кои ќе изучуваат курсеви за странски јазик, компјутерски курсеви и присуство на академски конференции) насоките и детали за offline  апликацијата се достапни тука;
      • RHSP краткорочни проектни грантови наменети на заедницата  имаат за цел да ја промовираат и зајакат филозофијата на учество во заедницата меѓу RHSP корисниците (сегашните и алумни), и да се обезбеди можност да се стекнат со искуство во дизајнирање и спроведување на проект во заедницата, а со тоа да и помогнат на ромската заедница како и да развијат сет од вештини кои ќе придонесат за нивниот понатамошен личен и професионален развој. Насоки и offline  формулари апликацијата се достапни тука.

      НАПОМЕНА:

      РЕФ го задржува правото да го одбие обезбедувањето на поддршка на било кој апликант чие однесување и/или поврзаност со групи или други лица чии цели и активности не се во согласност со вредностите и принципите промовирани од страна на Ромскиот образовен фонд и неговите цели.

      Пристап до системот за онлајн апликација