RHSP 2020- 2021 УПАТСТВО ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

[English] [Български] [Română] [Srpski]

Важно: РЕФ Програмата за стипендирање е наменета исклучиво за Роми!


Почитуван апликант,

Циклусот на стипендии 2020/2021 има голем број нови елементи вклучени во шемата за стипендии РХСП и процесот на аплицирање. Од оваа година, Ромскиот Образовен Фонд би сакал да ги прикаже своите приматели на стипендии на својата веб-страница со краток вовед и фотографија. Како и секогаш, ние, тимот на Програмата за стипендии на РЕФ (СП) се стремиме да негуваме професионален однос со нашите приматели на стипендии, обезбедувајќи високо ниво на поддршка во нивните академски потфати. Затоа, сметаме дека обработката на вашите лични податоци е од најголема важност. Се презема секој чекор за да се обезбеди усогласеност и заштита на вашите податоци за време на процесите на квалификуваност, евалуација и селекција. За повеќе детали, ве охрабруваме да ја прочитате нашата политика за приватност

За да ја ажурираме нашата веб-страница со цел да ги прикажеме нашите приматели на стипендии, потребни се следниве нови елементи во нашиот процес на аплицирање. Информацијата, наведена, подолу е краток преглед на новите елементи, подетално прочитајте ги новите делови во следните упатства и на Електронската Пријава (ЕП)

Нови чекори во апликацијата за циклус на стипендии за 2020/2021 година:

  1. Кратка биографија / вовед (страна 3 во ЕП) – Ве молиме, напишете максимум 200 зборови за себе. Оваа кратка биографија ќе се појави под вашата фотографија ако сте избрани за да станете корисник на стипендија.
    Упатство и повеќе детали може да се најдат во Елекстронската Пријава (ЕП).
  2. Од апликантите во потесен список на корисници ќе биде побарано да достават фотографија, која ќе биде прикачена веднаш до нивните кратки биографии на веб-страницата на РЕФ.
  3. Наменско писмо (да се достави како прилог на страницата 4 на ЕП) напишано како изјава за целта во врска со вашиот потенцијал и развивањето во вашето поле и зошто членовите на Националниот одбор за избор на РЕФ треба да ве земат во предвид за добивање стипендија.
    Повеќе детали во насоките подолу и ЕП страница 4.
  4. Писма за препораки повеќе не се потребни. Сепак, сè уште треба да обезбедите референтно лице со детали за контакт на крајот на вашето Наменско писмо (страна 4 во ЕП).
  5. Поднесување на Формулар за Согласност што го рефлектира вашиот договор со тоа како РЕФ ги чува, користи и обработува вашите лични податоци.
    Повеќе детали во упатствата подолу, дел Критериуми за подобност, точка 8 и лични информации на ЕП

ВАЖНА ЗАБЕЛЕШКА:

Како одговор на пандемијата COVID-19, РЕФ СП признава дека може да има потешкотии при барање оригинални, заверени дипломи, записници и индексирани копии. Затоа, ги уверуваме сите заинтересирани апликанти дека ќе пристапиме кон секоја ситуација со флексибилност и грижа.


ОСНОВА И ФИЛОЗОФИЈА НА ПРОГРАМАТА
Главната цел на Ромскиот образовен фонд/Програма за стипендирање (РЕФ/ПС) е  придонес за појава на критична маса на Ромите, со високо образование, сигурни и горди на својот Ромски идентитет, академски и социјални вешти, како и со стекнати вештини и компетенции кои им овозможуваат да станат професионалци во својата области и остануваат цврсто поврзани со ромската заедница во понатамошна поддршка на нејзиниот напредок и вклучување во поширокото општество.

Цел на РХСП програмата:

Мисија: РХСП има за цел да го трансформира медицинскиот систем од внатре, да го направи по инклузивен и да ја спречи дискриминацијата и кршењето на човековите права на Ромите. Преку инвестирањето во генерација Роми медицински професионалци и давателите на здравствени услуги на Ромите, програмата има за цел да се справи и да помогне во реформи  од проблематичните тековни практики, да ги надмине  предизвиците и да се уништат негативните стереотипи и ставови. Исто така, РХСП има за цел да помогне во зголемување на достапноста на здравствените услуги за Ромите, зголемување на нивната доверба во системите за здравствена заштита и во целост да ги користат здравствените услуги.

Целта на РЕФ Програма за стипендирање, РХСП е да се обезбеди поддршка за медицинските студии, со обезбедување на стипендии, менторство и обука за застапување, за ромските ученици во четири земји: Бугарија, Северна Македонија, Романија и Србија. Со цел да се одговори на потребата за развој на генерација Роми и медицински професионалци, РЕФ/ПС ќе ја спроведе компонента за стипендирање, преку обезбедување на поддршка за стипендирање на студенти Роми кои студираат и се образуваат во насока на постигнување на повисок степен на медицински сестри и / или лекари во државните акредитирани / признати Медицински училишта и Медицински факултети во земјите каде што живеат.

Програмата за стипендирање на Ромскиот образовен фонд (РЕФ/ПС) го објавува отворањето на неговиот годишен циклус на стипендирање на Програмата за медицински стипендии за Роми (РХСП), наменети за студенти Роми (обновувачи) кои студираат на Медицина на државно акредититрани универзитети и средни медицински училишта во Бугарија, Македонија, Романија, и Србија, за 2019 -2020 академска година.

РХСП програмата ги смета прифатливи за пријавување (т.е. имаат право да се пријават за РХСП стипендија) исклучиво кандидати, кои во текот на академската/учебната 2018-2019 година биле корисници на RHSP стипендија. Финансиските средства се обезбедени од програмата за Ромско здравје на Фондацијата Отворено општество од Будимпешта.

 

Краен рок за аплицирање е: 17 Август 2020;

Забелешка: Пред да започнете со процесот на аплицирање, ние ве советуваме да:

– внимателно прочитајте го Водичот за аплицирање пред да одите на онлајн формуларот за аплицирање (ОФА), со цел да бидете во можност да ги разберете барањата и да обезбедите успешна усогласеност и пополнување на вашата апликација;

:::


Важно

Задолжително е да се пополнат чекори во пријавата по следниот редослед:

->ЧЕКОР 1: комплетира (надополни), Лични информации;
->ЧЕКОР 2: комплетира (надополни), Анкета и
->ЧЕКОР 3: Пристап до Листа на апликации, одбери програма, комплетирај и испрати пријава.

Онлајн пријавата (ОФП) може да се поднесе само доколку ЧЕКОР 1 и ЧЕКОР 2 се комплетни.

Ве молиме, имајте во предвид доколку ја обновувате вашата пријава, треба да се вратите во сите чекори со цел да ги проверите и доколку имате измени во информациите да направите измена и да ги внесете точните и соодветни информации со цел правилно да се одразува на вашата актуелна ситуација.

Содржина

I. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
II. КРИТЕРИУМИ ЗА ПОДОБНОСТ

III. ФАЗИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

ПРВА ФАЗА – Доставување на електронска пријава (ЕП)

ВТОРА ФАЗА – ВЕРИФИЦИРАЊЕ НА ЗАПИШУВАЊЕТО

IV. МЕХАНИЗАМ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ ОДЛУКИ

A. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР

B. ПРОЦЕС НА СЕЛЕКЦИЈА

Чекор еден – Проверка на подобност

Чекор два – Евалуација на апликацијата

Чекор три – Поднесување на сертификати за упис

Чекор четири – финализирање на процесот на селекција

V. КОМУНИЦИРАЊЕ НА РЕЗУЛТАТОТ ОД ПРОЦЕСОТ НА СЕЛЕКЦИЈА

VI. МЕХАНИЗАМ ЗА ЖАЛБИ/ОСПОРУВАЊЕ

VII. ДОПОЛНИТЕЛНИ КОМПОНЕНТИ

:::

I. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

(оди на табела на содржина)

  • РЕФ може да поддржи студент под РХСП, во текот на неговите / нејзините студии,
  • Средно стручно медицинско образование (еднаш), со трансфер во друго училиште / специјализација е дозволено само еднаш;
  • Додипломски медицински студии со трансфер во друг медицински универзитет/ специјализација кој е дозволен само еднаш;
  • Додипломски медицински студии, за максимум три години и
  • Постдипломски медицинска студии, за максимум две години (докторски студии).
  • Стипендијата РХСП е наменета за покривање на трошоците поврзани со студиите како што се учебници, такси за испити, како и трошоците за живеење, делумно;
  • Поддршка или стипендијата се доделува на успешни кандидати само за академската година за која што аплицирале (на пример, 2019-2020 академска година); студентите кои се заинтересирани за добивање на стипендија во последователна академска година мора, да поднесат нова пријава и да влезат во конкуренција за секој циклус за стипендија.

Процесот на аплицирање за РЕФ/ПС е спроведена онлајн преку системот за онлајн формуларот за пријавување (ОФП) и се состои од две фази:
1.    Поднесување на онлајн формулар за пријавување (ОФП);

2.    Верификација на запишувањето: поднесување на Сертификат за упис и Сертификат за висина на партиципација (доколку е применливо); втората фаза се применува само за оние кандидати кои успеале во конкурирањето (понатамошни детали во врска со процесот на селекција,  третиот чекор).


За зајакнување на транспарентноста, зголемување на видливоста и промовирање на ромскиот идентитет на корисниците на својата терцијарна стипендија, Ромскиот Образовен Фонд ќе ја објави на својата веб-страница кратката биографија обезбедена во поднесената апликацијата и бараната фотографија на приматели на стипендии од РЕФ. За повеќе информации, прочитајте го делот: Обработка на активности поврзани со обезбедување стипендии, Дел 6 во документот за политика за приватност на РЕФ, кој се однесува на оваа проблематика. оваа проблематика.


КОНФЛИКТ НА ИНТЕРЕС

Кандидатите кои се вработени (постојани-фиксни позиции) во Фондацијата Отворено општество (ФОО), или на националните Фондации при Сорос мрежата на Фондации (SFN), како и Ромскиот Образовен Фонд, не ги исполнуваат условите да бидат  РЕФ стипендисти.


II. КРИТЕРИУМИ ЗА ПОДОБНОСТ

(оди на табела на содржина)

Со цел да бидат подобни за стипендија на РХСП конкурсот, кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

 

  1. Отворено се декларираат како Роми;
  2. Да се тековни РХСП стипендисти (за академската 2019-2020 година) од следните земји: Бугарија, Македонија, Романија и Србија и да ја обноват пријавата за академската 2020-2021 година;
  3. РЕФ/ПС кандидатите кои ја обновуваат а при тоа ја повторуваат годината на студии (студенти кои добивале РЕФ стипендија во предходната академска година(и) и се пријавуваат за да ја обноват стипендијата за истата година на студии), не ги исполнуваат условите за добивање на стипендија;
  4. РЕФ/ПС ги прифаќа само оние апликации кои се на напредно – наредно ниво на студии;
  5. Студентите кои учат од далечина и се на вонредни додипломски студии не се подобни за поддршка стипендија во сите шеми РЕФ СП;
  6. РЕФ/ПС ги прифаќа само оние апликации кои се на напредно – наредно ниво на студии;

    •     На пример: ако барателот е дипломиран магистер, предложеното ниво на студии во РЕФ/ПС конкуренцијата треба да биде за следното ниво на студирање, во овој случај, за докторски студии / докторат. Друг пример за неподобност ќе биде: дипломирани студенти на докторски студии да аплицираат за магистерски, или додипломски студии, или дипломирани магистри кои конкурираат за втор мастер, или за додипломски студии; РЕФ/ПС ги прифаќа само оние апликации каде студиите се остваруваат во рамките на официјалната конвенционална должина на диплома (на пример, ако студентот е на додипломски студии од 3 години ќе бара стипендија за 4-та година – поради одложувањето – дури и ако е дозволена од страна на универзитетот – пријавата нема да се смета за подобна);
  7. Периодот одобрен од страна на универзитетите за студентите да ја подготват нивнита конечна теза (што не бара задолжително присуство на студентите на семинари / колоквиуми, курсеви, предавања, задолжителна пракса или испитување) не ги исполнува условите за стипендија;
  8. Во согласност со правилата за GDPR, апликантите за РЕФ СП мора да достават потпишани обрасци за согласност.
    Апликантите мора да обезбедат согласност на Ромскиот Образовен Фонд за обработка на нивните лични податоци, како што е опишано во Поглавјето „Обработка за обезбедување стипендии“ Подсекција „собирање, чување податоци за управување со регистрирани сметки“ од известувањето за приватност. На известувањето за приватност на РЕФ може да се пристапи тука. Образецот за согласност може да се преземе од тука. Откако ќе бидат отпечатени и потпишани од апликантот, образецот за согласност треба да биде прикачен во Електронската Пријава (ЕП), Дел лични податоци;Важно:
    Забележете дека поднесувањето на потпишаниот образец за согласност е задолжително. Поднесените апликации кои не содржат потпишани обрасци за согласност, ќе се сметаат за неподобни.
  9. Исклучиво, за подобни се сметаат пријавуте на кандидатите кои имаат целосно пополнета електронска пријава со сите комплетни документи. 

Важно: Апликациите кои не ги исполнуваат овие критериуми за подобност не се сметаат понатаму во конкуренцијата на стипендија.

Студентите чии апликации ќе бидат прогласени за неподобни по завршувањето на процесот на проверка на подобност истите ќе бидат известени од страна на РЕФ СП.

III. ФАЗИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

(оди на табела на содржина)

Со цел да бидат земени во предвид за стипендија во академската година 2020-2021,  кандидатите мора да ги почитуваат роковите за реализација на програмата за Првата фаза – рокот за доставување на онлајн формулар за аплицирање за секоја земја или програма (каде што е применливо), како и со Втората фаза – Поднесување на сертификатот за упис и на сертификатот за школарина (доколку е применливо), како што е опишано во детали подолу.

ПРВА ФАЗА – ДОСТАВУВАЊЕ НА ОНЛАЈН ФОРМУЛАР ЗА АПЛИЦИРАЊЕ (ОФА)

RHSP рок за аплицирање од Бугарија, Северна Македонија, Романија и Србија 17 Август 2020;

Важно

Електронската Пријава (ЕП) мора да се пополни исцрпно; кандидати мора да ги обезбедат сите потребни информации и валидни документи.

Задолжително е да се пополнат следните чекори во нивниот логичен редослед. → ЧЕКОР 1: лични информации; → ЧЕКОР 2: Истражување; и → ЧЕКОР 3: Пристап до листата на апликации, одберете ја програмат за стипендија, пополнете ја и поднесете ја.

Онлајн формуларот за апликацирање (ОФА) може да се поднесе само ако е целосно завршен и само ако ЧЕКОР 1 и ЧЕКОР 2 се целосно завршени.


Комплетна и целосно усогласена ЕП содржи:

1. Писмени задачи (ЕП страна 3)

1.1 Кратка биографија –   во согласност со упатствата наведени во ЕП страна 3:

1.2 Комплетирана писмена задача на Есеј за Росмки прашања, во согласност со инструкциите наведени во ЕП.

1.3 Наменско писмо (прикачен на ЕП страна 4) – во согласност со упатствата наведени во ЕП и Водичот тука


Академска нечесност (плагијат и личен плагијат)

РEФ СП применува специфични критериуми кои се занимаваат со ова прашање. Сите детали задолжително да бидат прочитани  на овој линк.


2. Документите треба да бидат прикачени во системот на електронската пријава

*Ве молиме направете квалитетно скенирање во боја, со цел сите информации да се јасно читливи (заматените/нејасни документи нема да се земат во предвид).
* Максималната големина на еден документ не смее да надмине 5 MB.

2.1 Лична карта / пасош скенирана копија од двете страни;

2.2 Потпишан и скениран Образец за согласност како што е наведено во Критериумите за подобност и ЕП, Дел: Лични информации. Образецот за согласност може да се преземе од овде. Откако ќе се пополни, треба да се скенира и приложи во полето за испраќање на лична карта / пасош во ЕП.
2.3 Официјален препис на академски оценки како што е наведено тука;

2.4 Наменско писмо  (како што е наведено тука)

2.5 Документи од спроведени активности поврзани со Роми

Секој доказ за евиденција (документи, фотографии, видео линкови, објави на социјални медиуми, статии, трудови) ги покажува доброволните активности за поддршка на ромската заедница. Програмата ќе ги прифати како подобни активностите кои се случиле после јуни 2019 година до моментот на аплицирање.  
Доказите за верификација може да се во форма на писмо за поддршка од домаќинот на волонтерската активност, (НВО, институции, претставници на заедницата и сл.) Каде се одвиваше доброволната активност.
Писмото за поддршка мора да биде заверено со печат (доколку е применливо), потпис и детали за контакт

 


ВТОРА ФАЗА – ВЕРИФИЦИРАЊЕ НА ЗАПИШУВАЊЕТО

Краен рок: Есен 2020 година

Датумот за секоја земја ќе биде доставен од страна на РЕФ СП само на кандидати кои ќе останат во втората фаза од конкурсот.

  • Официјален сертификат за упис – мора да биде скениран и поставен како прилог на ОФА и мора да ги исполни сите барања како што е наведено тука.
  • Сертификат за партиципација/школарина (ако е применливо) – мора да биде скениран и поставен како прилог на ОФА и мора да ги исполни сите барања како што е наведено тука.
  • Лична фотографија што ќе биде поставена на веб-страницата РЕФ на приматели на стипендии со кратки биографии

За апликантите во потесен избор на втората фаза – (Прифатено условно и Листа на чекање) фотографијата е задолжителен услов. Сепак, само избраните фотографии на корисници на стипендија ќе бидат објавени на веб-страницата на РЕФ.

Датумот за секоја земја ќе биде доставен од страна на РЕФ СП само на кандидати кои ќе останат во втората фаза од конкурсот.


IV. МЕХАНИЗАМ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ ОДЛУКИ

Механизмот на донесување одлуки е врз основа на специфични критериуми и процесот на селекција како што е наведено подолу:

A. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР

(оди на табела на содржина)

Критериумите за избор на РЕФ програмите за стипендија ја земаат во предвид важноста и квалитетот на информациите и на поднесените документи. Со цел да ги зголемат своите шанси за конкурсот, кандидатите треба да се стремат да бидат целосно во согласност со критериумите за избор и да презентираат конкурентна апликација и соодветни и релевантни материјали.

Листата на критериуми за проценка и тежина на секој критериум за пресметка на конечниот резултат на барањето се наведени подолу.

ТАБЕЛА ЗА ПРОЦЕНКА – ЕВАЛУАЦИЈА

Критериум

Точки за евалуација

Вредност во однос на вкупните поени
1. Просек
  • Вредноста на просекот се пресметува во согласност со бараните документи.
  • Детали околу начинот на пресметка на Просекот спроведен од Програмата е прикажан тука.

40%

2. Наменско писмо

  • Стилот и флуентноста на пишување;
  • Сеопфатност, концизност и кохерентност на идеите и информациите;
  • Способноста да се артикулираат академските цели и/или достигнувања;
  • Посветеност и мотивација за студирање;
  • Академски напредок во однос на предходната година, доколку кандидатот ја обновува стипендијата.

20%

3. Есеј за Ромски прашања
  • Опис базиран на лично искуство одактивноучество во активности поврзани со Ромското прашање.
  • Стилот и флуентноста на пишување;
  • Сеопфатност, концизност и кохерентност на информациите;
  • Способност на кандидатот/а јасно и артикулирано да изнесува идеи и аргументи;
  • Свесност и знаење за Ромското прашање.

10%

4. Активности поврзани со Роми/допроволен придонес и поддршка за унапредување на Ромите Учество на активности, иницијативи, проекти и настани поврзано со Роми на волонтерски основа:

Спроведени преку организации и/или институции, или приватна / неформални групи и иницијативина приватна /индивидуална основа.

  • За опис на потенцијалните волонтерски активности, посетете го следниотб линк

30%

 

Чекор еден – Проверка на подобност

Техничка проверка на подобноста на апликантот со критериумите за подобност на програмата. Овој чекор е спроведен од страна на координаторите на РЕФ СП за секоја земја.

Чекор два – Евалуација на апликацијата

Оценувањето се врши од страна на членовите на РЕФ/ПС на Националниот одбор за избор (НОИ) во соодветните програмски земји. Членовите на НОИ независно ги разгледуваат онлајн поднесените пријави, една по една, и доделуваат бодови на секоја пријава според претходно утврден сет на критериуми за оценка. Конечниот резултат за секоја пријава произлегува од просекот на независните резултати на НОИ. Системот автоматски ги рангира сите пријави врз основа на нивната последни резултати, во опаѓачки редослед, од највисоко до најниско. Врз основа на системот за рангирање и позицијата на кандидатите тие заземаат место на листата или се во потесниот избор (на условно прифатени или на листа на чекање), или одбиени.

Чекор три – Поднесување на Сертификатите за упис (2019-2020 академска година)

Кандидатите од двете категории “условно прифатени”, и “листа на чекање” до крајниот рок на програмата ќе треба да поднесат во нивната ОФП, официјална и валидна потврда за упис која докажува дека тие се запишани во валидна академска програма.

Чекор четири – Финализирање на процесот на селекција

По завршување на горенаведените чекори, системот е во тек со конечниот статус на секој кандидат од листата на “условно прифаќање” и “листа на чекање”, и генериран е конечниот список на корисници на стипендија, по земја и по шема на стипендии.

Кандидатите кои се рангирани во рамките на “условно прифатени” категорија и кои ги исполнуваат барањата на програмата во вториот краен рок, стануваат корисници на програмата.

  • Кандидати од категорија ” листата на чекање “, може да се земат во понатамошниот процес само доколку кандидати од категоријата “условно прифатени” не успеат да ги исполнат барањата,  во вакви ситуации системот прави автоматска промена со кандидати од ” листата на чекање “ базирани на добиениот  резултат.

V. КОМУНИЦИРАЊЕ НА РЕЗУЛТАТОТ ОД ПРОЦЕСОТ НА СЕЛЕКЦИЈА

(оди на табела на содржина)

Програмата ги комуницира резултатите од процесот на селекција на кандидатите преку е-маил адреса која тие ја регистрирале на својот ОФП профил, во два наврати:

Прво
, по чекор три споменат погоре (крајот на јули – август), кога апликантите ќе добијат:

  • Писмо за условно прифаќање или писмо за листа на чекање со инструкции за понатамошни чекори кои треба да се преземат од страна на апликантот со цел да останат во конкуренција; или
  • официјално писмо за одбивање со наведени причини за одбивање;

Второ, по чекор пет наведен погоре (крајот на октомври – ноември) кога апликантите ќе добијат:
службено писмо за известување; или

  • писмо за отфрлање со наведени причини за одбивање.

VI. МЕХАНИЗАМ ЗА ЖАЛБИ/ОСПОРУВАЊЕ

(оди на табела на содржина)

Апликантите имаат можност да ги оспорат резултатите од конкурсот на Програмата за стипендии во рок од еден месец од моментот на приемот на известувањето од програмата.

Жалбите/оспорувањето треба да се испрати на РЕФ/ПС, само на оваа е-маил адреса: REFSP_contestations@romaeducationfund.org
Жалбите /оспорувањето испратенo до други е-маил адреси од онаа што е наведена погоре нема да се разгледува или признае.

Исто така, РЕФ/ПС бара апликантите да ја користите оваа е-маил адреса само за жалби/оспорувања во врска со резултатите од процесот на селекција. За било какви други прашања ве молиме контактирајте го Координаторот на вашата земја, само во случај да се бараат појаснувања кои не се наоѓаат во Водичот за аплицирање.

РЕФ/ПС ги категоризира оспорувањата и им дава решение. Во зависност од природата на жалбите, РЕФ/ПС може да одлучи да ги пренасочи кон независниот правен советник / консултант.

VII. ДОПОЛНИТЕЛНИ КОМПОНЕНТИ

(оди на табела на содржина)

Освен финансиската поддршка, RHSP стипендистите имаат можност да аплицираат за:

  • Дополнителни компоненти (обезбедување на финансиска поддршка, грантови за тековните корисници на RHSP кои ќе изучуваат курсеви за странски јазик, компјутерски курсеви и присуство на академски конференции) насоките и детали за offline  апликацијата се достапни тука;
  • RHSP краткорочни проектни грантови наменети на заедницата  имаат за цел да ја промовираат и зајакат филозофијата на учество во заедницата меѓу RHSP корисниците (сегашните и алумни), и да се обезбеди можност да се стекнат со искуство во дизајнирање и спроведување на проект во заедницата, а со тоа да и помогнат на ромската заедница како и да развијат сет од вештини кои ќе придонесат за нивниот понатамошен личен и професионален развој. Насоки и offline  формулари апликацијата се достапни тука.

НАПОМЕНА:

РЕФ го задржува правото да го одбие обезбедувањето на поддршка на било кој апликант чие однесување и/или поврзаност со групи или други лица чии цели и активности не се во согласност со вредностите и принципите промовирани од страна на Ромскиот образовен фонд и неговите цели.

Пристап до системот за онлајн апликација