RHSP (РХСП) УПАТСТВО ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

[English] [Български] [Română] [Srpski]

[English] [Български] [Română] [Srpski]

Почитувани кандидати за стипендија на РЕФ Програмата за Стипендирање (РЕФ ПС), 

Програмата за стипендирање како една од програмите на РЕФ се спроведува уште од 2007 година, во период  кога целокупниот контекст на високото образование во Европа беше познат како период со постојана динамичност и промени. Една од практичните промени, многу важно и суштински е претставена преку транзицијата  кон системот на Болоњскиот (процес) систем на студирање, каде што забележавме во сите земји на програмата широк спектар на разлики во однос на статусот и степенот на напредок кон целосна транзиција. Покрај тоа, голем број од земјите имаат направено значајни чекори во реформата на нивните високообразовни политики и системи, со цел за развој и напредок на студентите и целокупното усогласување  на националните политики со меѓународните кои се однесуваат на високото образование. 

Ние исто така ја гледаме диверзификацијата на донаторите, заинтересирани за обезбедување на поддршка за студентите во високото образование, развој за кој ние имаме многу пофалби и охрабрувања. Различните државни институции и универзитети  се повеќе стануваат свесни како и способни за апсорбирање на достапните Фондови на Европско ниво, од кои голем број на стиденти, вклучувајѓи ги и студентите Роми, имаат бенефит.

Во светлината на развојот во изминативе години, РЕФ Програма за стипендирање работеше со голем број на приспособувања и прилагодувања, со цел правилно да ја одрази применливоста на овој променлив контекст и реалноста на национално ниво.

***

Ромскиот образовен фонд – Програма за стипендирање (РЕФ/ПС) го објавува конкурсот за академски стипендии наменети за студенти Роми (обновувачи) кои студираат на Медицина на државно акредититрани универзитети и средни медицински училишта во Бугарија, Македонија, Романија, и Србија.

RHSP (РХСП) програмата ги смета прифатливи за пријавување (т.е. имаат право да се пријават за RHSP (РХСП) стипендија за академската 2015-2016 година) исклучиво кандидати, кои во текот на академската/учебната 2014-2015 година биле корисници на РХСП стипендија.

Финансиските средства наменети за Програмата се обезбедени од Фондацијата Отворено општество / Програмата за Јавно Здраство – Проект: Здравство Роми Будимпешта.

  1. ГЕНЕРАЛНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА СТИПЕНДИЈАТА
  2. КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
  3. КРИТЕРИУМИ ЗА СЕЛЕКЦИЈА
  4. МЕХАНИЗАМ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ОДЛУКА
  5. ПРОЦЕС НА СЕЛЕКЦИЈА
  6. КОМУНИКАЦИЈА НА ОДЛУКИТЕ ЗА СЕЛЕКЦИЈА
  7. ФАЗИ И РОКОВИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
  8. ДОПОЛНИТЕЛНИ МОЖНОСТИ НА РХСП ПРОГРАМАТА

1. ГЕНЕРАЛНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА РМУСП СТИПЕНДИЈАТА                                                                                                       

RHSP НИВО НА ПОДДРШКА

Во рамките на RHSP, РЕФ може да поддржи еден ист кандидат/ка во текот на неговите/нејзините студии на следниве нивоа:

  • средно медицинско образование за максимум 4 години, со можност за само еден трансфер/промена на друго училиште/насок на студии;
  • едни додипломски студии, за максимум 5/6 години (доколку моделот на студирање дозволува), со можност за само еден трансфер/промена на друг универзитет/факултет/насока на студии;
  • едни последипломски студии, во траење од максимум 1 година (доколку додипломските студии се во траење од 4 години) или 2 години (доколку додипломските студии се во траење од 3 години), според ЕКТС – Европски кредит трансфер систем;
  • едни докторски студии, за максимум 2 години. 
  • RHSP (РХСП) стипендијата може да се користи за покривање на трошоци за: книги и литература, трошоци за испити, како и трошоците за живот, делумно;
  • Доделувањето на стипендијата не е по автоматизам, секој заинтересиран кандидат/ка треба да аплицира во РЕФ ПС секоја академска година, при тоа да покаже академски резултати и успешно да ја заврши тековната година.
  • Кандидатите можат да се пријават истоврмено на  различни шеми на стипендирање, доколку ги исполнуваат критериумите од секоја шема на стипендирање (РЕФ Програма на стипендирање). Кон крајот на процесот на селекција, доколку кандидатот е успешен во повеќе од една Програма на стипендирање на РЕФ, кандидатот ќе биде обврзан да одбере само една РЕФ Програма за стипендирање и формално да ја извести РЕФ ПС за одлуката.

ПОЛИТИКА НА КУМУЛАТИВНИ БЕНЕФИЦИИ

Кандидатите кои ќе добијат академски, студија, социјална или било кој друг вид на стипендија, или бенефит (т.е дом, или оброци) од државните институции (Министерство за образование и наука, Универзитети итн), од меѓународни и/или приватен субјект во текот на академска 2015 – 2016 година имаат обврска да го известат во писмена форма Координаторот на РЕФ ПС  во својата земја за овој факт, од моментот кога ќе добие потврда од надлежната трета страна. Известувањето треба да содржи податоци како што се целосен наслов на доделувањето на лицето, износот / природата на поддршката, период и целта.

* Важно: Не се смета за кумулативна бенефиција поддршката која ја обезбедува универзитетот/факултетот на студентите кои студираат на државните образовни институции, студенти кои се со посебни потреби, како и студенти од разведени родители.

Образложение на политиката на кумулативна бенефиции

За изминатите неколку години програмата за стипендии бележи значително зголемување интересот за стипендии, како и на целокупното ниво на квалитетот на апликации. Сепак, поради финансиските ограничувања на Програмата, годишно околу 1.000 кандидати се одбиени. Од друга страна, сведоци сме на позитивниот развој во голем број на земји каде владата и универзитетите станаа поуспешни во апсорпција на ЕУ фондовите за да обезбедат стипендии или друга корист за студентите.

Една од  главните цели на Програмата е да го зголеми бројот на оние студенти кои имаат поголема потреба од подршката на РЕФ, преку која цел се максимизира влијанието на инвестицијата. Затоа, во оние случаи каде кандидатите за РЕФ ПС, успеале да добијат дополнителни/алтернативни стипендии и/или други студентски бенефиции, РЕФ применува адаптиран пристап во разгледувањето на нивните пријави/апликации како што е елаборирано во долунаведениот текст, чија цел е да се насочат потенцијалните заштеди до оние кои не биле успешни во пристапот и добивањето на алтернативни (други извори) стипендии или начини на подршка, и да се одговори на зголемената побарувачка за РЕФ ПС стипендии.

Како резултат на примената на овој приспособен пристап за стипендија, во академската 2014-2015 година, програмата беше во можност, како резултат на заштедените средства од спроведуваните критериуми за политика на кумулативни бенефиции, да додели дополнителни 19 стипендии, во текот на годишниот буџет од програмата за стипендирање.

Затоа, ги охрабруваме сите студенти Роми про-активно да бараат информации за можностите кои постојат и да се пријавуваат со цел да ги прошират изворите на поддршка на нивните студии, покрај Програмите за стипендирање на студенти Роми, на тој начин зголемената побарувачка за поддршка на студенти Роми во високото образование ќе биде успешно задоволена.

Во однос на оние кандидати кои добиваат друга стипендија и/или бенефиции од било кој од горенаведените лица во текот на академската 2015-2016 година, РЕФ ПС ќе спроведува политика на приспособување/индивидуализирана стипендија која ги зема во предвид природата и степенот на стипендии на кандидатите на РЕФ ПС кои имаат добиено од алтернативни извори.

Соодветно на тоа, РЕФ ПС ќе  применува едена од овие три мерки:

(1) Ќе обезбеди целосна поддршка за стипендија → во оние ситуации кога кандидатот/а добива кумулативни бенефиции кои не го надминуваат износот од 300 евра за една академска година (150 евра за еден семестар);

(2) Ќе обезбеди делумна поддршка → во оние ситуации кога вкупната вредност на поддршката добиена од страна на студентот не е доволна за покривање на нивото на основна стипендија; оттука, РЕФ ПС ќе обезбеди делумна поддршка како поттик. Покрај овој стимул, РЕФ ПС, исто така, ќе придонесе во покривање на школарина/партиципација (доколку е применливо, и тоа до 1.200 евра)

(3) Одбиени → во оние ситуации кога кандидатот/а добива значителна алтернативна поддршка, која е доволна за покривање на трошокот за школарина/партиципација (доколку е применливо) како и за основното ниво на ПС стипендија.

* РЕФ ПС наскоро ќе објави илустрирана табела – за состојбата на категоријата (2) од горенаведените мерки – како и начинот на кој биде прилагоден износот на стипендијата.

Важно: Во случај кога кандидатот/ката нема да успее навремено да го извести Координаторот дека е корисник на други стипендии и/или бенефиции, тогаш пријавата за РЕФ Програмата за стипендирање ке биде дискфалификувана од тековниот и понатамошните циклуси на стипендирање, и обврската да се врати веќе добиената поддршка од РЕФ Програмата за стипендирање во соодветната академска година стапува на сила.

КОНФЛИКТ НА ИНТЕРЕС

Кандидати кои се редовни корисници на не-формални академски програми или програми за професионален развој во академската 2015-2016 и преку кои добиваат и финансиска поддршка, не ги исполнуваат критериумите за аплицирање во РЕФ/Програмите за стипендирање за академската 2015-2016 година.

Кандидатите кои во текот на академската 2015-2016 година ќе бидат вработени во РЕФ, Фондациите на Отворено Општество (OSF) или националните Фондации на  Сорос мрежата на Фондации (SNF), исто така индивидуалци кои во текот на академската 2015-2016 година ќе работат на проекти финансирани од страна на РЕФ, или кои ќе добиваат хонорар (за консултанти, практиканти и сл.) од РЕФ или горенаведените институции,  чија сума за академската година 2015-2016 не е повисока од 400 евра, се сметаат за кандидати кои ги исполнуваат критериумите (се прифатливи) за аплицирање во РЕФ/Програмите за стипендирање.

Важно: Во случај кога кандидатот/ката нема навремено да го извести Координаторот дека е корисник алтернативна стипендија(и) или поддршка тогаш пријавата за РЕФ ПС ќе биде дискфалификувана од тековниот и понатамошните циклуси на стипендирање, и обврска да се врати веќе добиената поддршка од РЕФ ПС во соодветната академска година.

2. КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ                                                                                                                                           

(на почеток)

Критериумите за пријавување за РЕФ стипендија се базирани на оценување на повеќе стандарди согласно академските достигнувања и квалификации на кандидатот/ка. Успешно испратената апликација се проверуваат врз основа на критериуми за пријавување. Кандидатите кои не ги исполнуваат критериумите за пријавување за жал, нема да преминат во понатамошна фаза на селекција.

Со цел да се квалификуваат и исполнат условите за пријавување/аплицирање во РХСП, кандидатите треба:

  • Јавно и отворено да се декларираат како Роми;
  • Да се тековни корисници на RHSP (РХСП) стипендијата за академската 2014-2015 година и да се пријават за обновување на нивната апликација за стипендија за академската 2015-2016 од Бугарија, Македонија и Србија;
  • Да испратат целосно пополнета електронска (online) апликација, согласно програмските рокови;
  • Да пополнат изјава за академските цели (писмо за мотивација) во која ќе бидат опфатени академските достигнувања, цели, посветеност и мотивација за одреденото ниво на студии;  
  • Да напишат Есеј на тема за Ромското прашање врз основа на наведените барања дадени во делот за есеи во електронската апликација;
  • Да прикачат Официјално Уверение за Положени испити (како што е наведено тука); кандидатите за Докторски студии треба да поднесат извештај за нивниот академски прогрес издаден од нивниот Ментор на Докоторските студии;
  • Да прикачат најлмалку една информативна и релевантна Препорака, напишана исклучиво да служи како Препорака за апликацијата за РЕФ стипендија (како што е наведено тука); Препораката треба да ги опишува тековните академските перформанси на кандидатот, неговата/нејзината инволвираност во екстра-курикуларни (вон-наставни/дополнителни) активности, поврзано со Роми и/или со не-Роми. Препораката треба да биде тековна и да ги рефлектира горенаведените барања; Препораката треба да биде пополнета врз основа на РЕФ ПС примерокот достапен тука.

– Важно: Задолжително е најмалку една од препораките да биде издадена/напишана од правно регистрирана ромска организација/фондација од соодветната земја;

РЕФ ПС го има во предвид фактот дека голем број на кандидати, особено оние кои се во прва година на студии, не може да биде вклучени и запознаени со работата на организации и/или во ромските заедници. Во такви случаи, а во отсуство на досегашното искуство, препораката издадена од ромска организација може да се фокусира на заеднички договорените активности што ќе се случат во текот на учебната година за која кандидатот може да биде РЕФ ПС корисник.

  • Да обезбеди документ како доказ (во втората фаза од аплицирањето) со кој ќе потврди дека е примен/а на универзитетски студии во матичната земја т.е оригинал потврда за упис на универзитет, за академска 2015-2016 година да биде прикачена во системот за електронска апликација (како што е наведено тука);
  • Кандидати кои се редовни корисници на не-формални академски програми или програми за професионален развој во академската 2015-2016 преку кои добиваат и финансиска поддршка, не ги исполнуваат критериумите за пријавување/аплицирање во РЕФ/Програмите за стипендирање за академската 2015-2016 година. 
  • Вонредни студенти не ги исполнуваат критериумите за пријавување за RHSP (РХСП) стипендија.

3. КРИТЕРИУМИ ЗА СЕЛЕКЦИЈА                                                                                                                                                

(на почеток)

Критериумите за селекција при РЕФ/Програмите за стипендирање ги земаат во предвид квалитетот на наведените информации и приложените документи. Кандидатите мора да се стремат и да ги почитуваат критериумите за селекција исто така, апликацијата треба да биде конкурентна, соодветна и со релевантни податоци и документи.

AКАДЕМСКА НЕЧЕСНОСТ-ПЛАГИЈАТ

Плагијат е напогрешен начин присвојување на работата од други автори односно исказ на авторски мисли, идеи, изрази, истражувања и нивна презентација како свое лично дело. РЕФ/ПС смета дека плагијатот е академска нечесност односно непочитување и нарушување на вредностите и принципите на програмата. Затоа, апликациите во кои ќе биде откриен плагијат ќе бидат дисквалификувани од понатамошната конкуренција-процес за добивање на стипендија. 

Додека пак, при пополнување на пријавата, особено делот на Изјавата на Академските цели, мотивација како и Есејот за Ромски прашања, дозволено е да се употреби цитирање кое ќе биде ограничено, со правилно цитирање на оригиналниот извор од каде е искористена информацијата и кандидатот мора да се осигура дека наведувањето на изворот на информација не се користи со цел да се исполни минимумот на зборови потребен за дел од апликацијата. 

Личен-плагијат (односно повторно користење на значаен, идентичен, или речиси идентичен дел од претходни апликации при РЕФ/ПС) исто така, ваквата академска нечесност ќе доведе до дисквалификација од понатамошна конкуренција.

Ве молиме, имајте предвид дека РЕФ/ПС и Националната комисија може да донесе одлука да направи и употреби софтвер за откривање на случаи на плагијат во апликациите.

Исто така според политиките и процедурите на РЕФ ПС програмата, кадидатите кои ќе се открие дека имаат испратени фалсификувани документи РЕФ ПС смета дека кандидатот/а нема да може да добие РЕФ стипендија или пак да биде финансиран/а од РЕФ ПС или било која друга програма која РЕФ финансиски ја подржува. Исто така било која друга форма на академска нечесност поврзана со РЕФ ПС за време на спроведување на процесот и за време на потпишување на договор за грант (доколку кандидатот обезбеди лажни/фалсификувани податоци и/или информации, се обидува да поткупи и.т.н.) исто така ќе доведе до исклучување од програмата.

Во изминатите две академски години (2013-2014 и 2014-2015) од околу 2000 апликации за секоја година, бројот на кандидати кои биле дисквалификувани за академска нечесност е 88, додека на 57 апликации целовкупната оценка/процент од евалуацијата беше значјно намалена поради плагијат, што значајно допринесе до намалување на шансите во натпреварот за освојување на стипендијата. Иако ни е драго што мал бројот на студенти/кандидати кои беа идентификувани во горенаведениот случај, сакаме да го привлечеме вниманието на сите студенти и кандидати за стипендија на овој значаен аспект од електронската апликација.

Листа на критериуми, со специфични детали за оценување и значењето на секој критериум  за оценување и финални поени на кандидати, наведени во табелата за евалуација подолу:

ТАБЕЛА ЗА ПРОЦЕНКА – ЕВАЛУАЦИЈА

Критериум

Точки за евалуација

 

Вредност во однос на вкупните поени

1. Просек

  • Вредноста на просекот се пресметува во согласност со бараните документи.
  • Детали околу начинот на пресметка на Просекот спроведен од Програмата е прикажан тука.

40%

2. Академски цели-Изјава за намена (писмо за мотивација)

  • Стилот и флуентноста на пишување;
  • Сеопфатност, концизност и кохерентност на идеите и информациите;
  • Способноста да се артикулираат академските цели и/или достигнувања;
  • Посветеност и мотивација за студирање;
  • Академски напредок во однос на предходната година, доколку кандидатот ја обновува стипендијата.

20%

3. Есеј за Ромски прашања

  • Опис базиран на лично искуство одактивноучество во активности поврзани со Ромското прашање.
  • Стилот и флуентноста на пишување;
  • Сеопфатност, концизност и кохерентност на информациите;
  • Способност на кандидатот/а јасно и артикулирано да изнесува идеи и аргументи;
  • Свесност и знаење за Ромското прашање.

20%

4. Екстра-курикуларни (вон-наставни/дополнителни) активности

  • Учество на академски  настани (семинари, конференции, работилници, летни школи, натпревари; и/или
  • Учество во активности поврзани со Роми иницијативи, проекти, настани на волонтерска основа
  • Учество врз основа на вработеност во активности, иницијативи, проекти и настани поврзни со Ромите

10%

5. Препорака

  • Нивоа на стекнати вештини и квалитети презентирани преку практично искуство;
  • Релевантни податоци за академските достигнувања на кандидатот; и/или
  • Вклученост во активности поврзани со Ромско прашање.

10%

4. МЕХАНИЗАМ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ОДЛУКА                                                                                                                       

(на почеток)

ПРОВЕРКА НА КРИТЕРИУМИТЕ

РЕФ/ПС е одговорен за процесот на селекција при проверка на критериумите спроведени од страна на Националниот координатор. Понатаму, РЕФ/ПС е одговорен да ги провери точноста на спроведените механизми и критериуми утврдени според правилата и насоките наведени за секој дел, како што е наведено подолу.

ЕВАЛУАЦИЈА

Евалуацијата на кандидатите ја спроведува Националната комисија за селекција. Членовите на НКС се селектирани преку јавен оглас.Програмата настојува членовите да бидат, професори од универзитети и претставници на Ромската заедница.

5. ПРОЦЕС НА СЕЛЕКЦИЈА                                                                                                                                                       

(на почеток)

Процесот на селекција се одвива преку следниве чекори и нивоа како што е објаснето подолу:

Чекор 1 – Проверка на критериумите за пријавување

Проверка, дали апликацијата ги исполнува критериумите за добивање на стипендија, чекорите за проверка се состојат од верификација на комплетноста и соодветноста на секоја апликација, спроведено од страна на РЕФ/ПС тимот.

Чекор 2 – Евалуација на апликацијата

Оценување на содржината на апликацијата. Оваа проценка и евалуација ја вршат членовите на НКС при РЕФ/ПС во конкретните земји. Членовите на НКС, имаат обврска секоја апликација поединечно да ја оценува (да дава бодови) согласно претходно воспоставените критериуми за оценување дадени во табелата погоре, потоа системот ги калкулира оценките (од највисоки до најниски поени) на секој кандидат. Врз основа на ранг листата кандидатите може да бидат на (листа на условно прифатени апликации или на листа на чекање) или листа на кандидати кои се одбиени.

Чекор 3 Испраќање на Потврда за редовен студент (академска 2015-2016 година)

Кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг кандидати кои ги исполнуваат условите” и “кандидати кои се на листа на чекање” во определен временски рок ќе треба да обезбедат официјален документ кој ќе докаже дека успешно се запишале во соодветната академска година.

Заедно со Потврдата за редовен студент, кандидатите се обврзани да достават информација за одобрена поддршка, стипендија или бенефит за академската 2015-2016 година што ќе ја добиваат од страна на државните институции (Министерството за oбразование и наука, Универзитетите итн.) и/или интернационални институции и/или приватни институции (види го делот за Политиката на кумулативни бенефиции).

Чекор 4 – Финализиање на процесот на селекција

По копмлетирање и спроведување на горенаведените чекори, Програмата ги ре-анализира листите на потесен круг на кандидати со цел да се добие конечна листа на стипендисти. Кандидатите кои се “условно прифатени” и кои навреме испратиле соодветна потврда за редовен студент се стипендисти на програмата. Од истата категорија на кандидати оние кои не успеале навреме да испратат соодветна потврда за редовен студент се одбиени и заменети со кандидати од листата на чекање.

* Важно: РЕФ ПС го задржува правото да прифаќати подоцна испратени потврди за редовени студенти (кои докажуваат објективни причини) само ако студиите започнуваат пред крајот на 2015 година.

6. КОМУНИКАЦИЈА ЗА СЕЛЕКЦИЈА                                                                                                                                          

(на почеток)

Програмата ги контактира кандидатите преку е-маил со кој се имаат регистирано во системот за електронска апликација, за резултатот од процесот на селекција во два наврати:

  • Прв пат, после чекор 3 наведено погоре (при крај на јули-август) откако кандидатите ќе добијат официјално писмо-меил за тоа дека се одбиени со наведени причини, или писма-мејлови со објаснување за чекорите кои следуваат понатаму, со цел кандидатот/ка да остане во понатамошна селекција;
  • Втор пат, после чекор 5 наведено погоре (крај на октомври-ноември) кандидатите ќе добијат официјални писма-мејлови за тоа дека се одбиени со наведени причини или писма-мејлови за тоа дека се условно прифатени.

Механизам за Жалби

Кандидатот/а може да ја обжали одлуката на Националната комисија, за текот од еден месец откако ќе добие официјален е-маил (од страна на Програма). Жалбата/демантот треба да се испрати на РЕФ/ПС само на следниот е маилREFSP_contestations@romaeducationfund.org

Ве молиме да го користите овој е-маил исклучиво за жалби поврзани со резултатите од селекцијата.

За дополнителни прашања Ве молиме, да го контактирате националниот координатор.

Тимот на РЕФ/ПС ги разгледува, класифицира и одговара на жалбите, зависно од нивната природа. РЕФ/ПС одлучува дали жалбата ќе ја препрати на Омбудсманот. Задачата на Омбудсманот е поединечно да ги разгледува жалбите врз основа на доставените документи и докази кои ги има доставено кандидатот/ка, програмата и членовите на Националната Комисија за Селекција.

7. ФАЗИ И РОКОВИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ                                                                                                                                     

(на почеток)

Со цел, да бидете дел од програмата за стипендирање во академската 2015-2016 година, ќе треба да се придржувате до првата фаза/рок – навремено испраќање на апликацијата, и втората фаза/рок – навремено испраќање на потврда за редовен студент, доколку плаќате партиципација ќе треба да испратите и потврда за висина на партиципација, како што е наведено подолу: 

Прва фаза/рок – Испраќање на  електронската апликација

Крајниот рок за испраќање на апликацијата е 11 МАЈ, 2015

Важно

Електронската Апликација мора  да биде испратена преку електронски пат (on-line) – со сите неопходни информации и документи.

Препорака/и:

Задолжително е барем една од Препораките да биде издадена од легално регистрирана Ромска организација/фондација во земјата.

Препораката треба да биде напишана користејќи го примерокот даден од страна не РЕФ ПС тука, да биде скенирана и прикачена како атачиран документ во електронската пријава и мора да ги исполнува долунаведените барања:

  • Да биде издадена/напишана во последните три месеци од личност која е во можност да долови преку релевантни коментари и наблудувања за академските и професионалните достигнувања на кандидатот, учеството на кандидатот во активности поврзани со Роми односно од професор од универзитетот, претпоставен на работа, и/или престедател на невладина организација,
  • Да биде напишана со детални информации, релевантна и напишана исклучиво со намера да ја поддржи апликациајата  на кандидатот за РЕФ стипендија, треба да има датум,  да содржи оригинал потпис и печат (доколку има) на лицето кое ја дава препораката;
  • Да ги опише сегашните/тековните академски достигнувања на кандидатот како и неговата вклученост во екстра-курикуларни (вон-наставни/дополнителни) активности поврзани со Роми и/или не-Роми;
  • Препораката НЕ СМЕЕ да биде напишана од роднина или пријател, или лице кои аплицира за РЕФ стипендија во 2015-2016 академска година, или кое добива РЕФ стипендија во тековната година или член од Националната Комисија за селекција или кандидатите кои во меменотв добиваат или се стипендисти на РЕФ ПС;
  • Кандидатите кои аплицираат за било која РЕФ програма за стипендирање не им е дозволено да дадат Препорака за другите кандидати.

Ве молиме да ги споделите горенаведените инструкции со лицето/а кој/и ќе ви напише/а препорака/и. Препораки кои нема да ги следат горенаведените барања, и ќе претставуваат потврда за тоа дека кандидатот/а е запишан во академската институција или дека каднидадот/а е вработенч/а, нема да бидат земени во предвид.

Уверение за положени испити (го содржи просекот и резултатот од положените испити) мора да биде скениран документ и прикачен во електронската апликација како и:

  • Да биде официјален документ во кој ќе бидат прикажани испитите од  претходно завршената академска година. Во прилог на овој документ кандидатот/а исто така, треба да обезбеди официјален документ-уверение со оценки од семестар 1 од академска 2014/15 година;
  • Валидно уверение за положени испити/оценки мора да вклучува целосна листа на задолжителните испити како и нивниот резултат (оценки, статус на положен/неположен/одложен/непријавен/студентот неприсутен) Апликациите со неадекватни Уверенија за положени испити не ги исплолнуваат критериумите за пријавување;
  • Да има оригинален печат од универзитетот/факулетот и потпис од преставникот на универзитетот/факултетот или средното медицинско училиште.

Важно: Во случај кандидатите да се соочат со потешкотии од објективни причини во добивање и обезбедување на уверенитето на положени испити (врз горенаведените барања) задолжително да стапат во контакт со Координаторот во нивната земја преку емаил и пред истекот на крајниот рок за аплицирање.

Правилата на РЕФ ПС програмата за пресметка на Просекот можете да ги најдете тука

Лична карта/Пасош мора да биде скенирана и прикачена во прилог на апликацијата како и:

  • да биде читлива (доколку испраќате лична карта копирајте ја од двете страни).

Втора Фаза – Испраќање на Официјална Потврда за редовен студент

Краен рок: до 15 ОКТОМВРИ 2015

Важно

Потврда за редовен студент – треба да биде скенирана и прикачена во прилог на електронската пријава како и:

  • Да биде оригинална Потврда за упис за редовен студент од Универзитетот каде што кандидатот студира/или ќе студира, и да потврди дека кандидатот е запишан во академската  2015-2016 година;
  • Да го соджи целосното име и презиме на кандидатот , годината на студии, името на универзитеот и факултетот, смерот, специјализацијата и начинот на студирање ( редовен, вонреден, на далечина). Исто така да биде наведено од колку семестри се состои академската/годината на студии: од еден, два или три семестри;
  • да не содржи исправки освен ако не се заверени и потпишани од лицето кое го издало документот

Потврдата за партиципација – мора да биде скенирана и прикачена во прилог на електронската апликацијата, и:

Да биде оригинална потврда за партиципација во која се наведува партиципацијата за целата академска 2015-2016 година; износот на партиципација  треба биде наведен на Потврдата за запишана академска година, соодветно на тоа дополнително треба да има печат, веднаш до износот наведен на потврдата, и потпис од лицето кое го издал документот.

Важно: Строго се препорачува кандидатите внимателно да го прочитаат Упатството за пријавување, со цел да ги разберат барањата на Програмата и да ги зголемат шансите во досатавување на правилно пополената и комплетна апликација (елекронска апликација OAF). Ве молиме контактирајте го Координаторот во вашата земја само во случај кога прашањата не се одговорени во ова упатство за аплицирање.  

При пополнување на електронската апликација задолжително е да ги следите чекорите на пополнување на апликацијата според логичниот ред:  ЧЕКОР 1: Лични информации;   ЧЕКОР 2:Анкета; и  ЧЕКОР 3:Листа на апликации, изберете и пополнете.

Само целосно пополнети електронски апликации (OAF) можат да бидат испратени во системот, и само доколку ЧЕКОР 1 и ЧЕКОР 2 се целосно пополнети.

Повторувајќи ја посветеноста на РЕФ ПС во давање поддршка во напорите на младите Роми да го продолжат образованието во високо-образовните институции, со нетрпение ги очекуваме вашите апликации!

Важно: РЕФ го задржува правото да не одобри стипендија или поддршка на кандидати чие однесување и/или поврзаност со групи, лица институции кои промовираат цели и активности кои не се во согласност со вредностите и принципите промовирани од Ромскиот Образовен Фонд.

Пристап до системот за електронско аплицирање

8. ДОПОЛНИТЕЛНИ МОЖНОСТИ СО РХСП ПРОГРАМАТА                                                                                                         

(на почеток)

Освен финансиската поддршка, RHSP стипендистите имаат можност да аплицираат за:

RHSP (РХСП) Грантови за изучување на курсеви за странски јазици

  • Сите информации во врска со курсевите за изучување на странски јазик како и апликацијата за пријавување се достапни тука.

RHSP (РХСП) грант за учество на академски настан:

  • Учество на академски настани-конференции од областа на студиите, со цел да го подобрат својот академски и професионален развој. Насоките и формуларот за аплицирање се достапни тука.