РМУСП ~ ВОДИЧ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ ~

Забелешка: РЕФ Програмата за стипендирање се однесува исклучиво на лица од ромска националност!

[English] [Български] [Bosanski] [Čeština] [Crnogorski jezik] [Gjuha shqipe] [Hrvatski] [Magyar] [Română] [Slovenský] [Srpski] [Türkçe]

Отворен е повикот за пријавување за стипендии во академската 2018/2019 година


  • Краен рок: 15 мај 2018 година, за Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Унгарија и Косово;
  • Краен рок: 17 мај 2018 година, за Македонија, Црна Гора, Романија, Србија, Словачка и Турција


Забелешка:  Пред да започнете со процесот на пријавување, ве советуваме:

  • Внимателно да го прочитате водичот за пријавување пред да пристапите до Електронската Пријава (ЕП), за да може да обезбедите успешна и комплетна пријава согласно на барањата на програмата;


ФИЛОЗОФИЈА И ПРИНЦИП НА ПРОГРАМАТА


Главната цел на Ромскиот образовен фонд/Програма за стипендирање (РЕФ/ПС) е  придонес за појава на критична маса на Ромите, со високо образование, сигурни и горди на својот Ромски идентитет, академски и социјални вешти, како и со стекнати вештини и компетенции кои им овозможуваат да станат професионалци во својата области и остануваат цврсто поврзани со ромската заедница во понатамошна поддршка на нејзиниот напредок и вклучување во поширокото општество.

РЕФ/Програмата за стипендирање го најавува објавувањето на годинешниот циклус на РМУСП стипендирање за академска 2018/2019 година.

РМУСП врз основа на постигнувањата нуди академски стипендии за студенти Роми кои се државјани или постојани жители на Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Унгарија, Косово, Македонија, Црна Гора, Романија, Србија, Словачка и Турција. Кандидати треба да бидат студенти на додипломски, магистерски, неподелени студии или докторски студии во државните акредитирани универзитети во нивната матична земја или земја на живеење.

За секој циклус на стипендии, бројот на стипендии во RMUSP зависи од достапноста на средствата во РЕФ/ПС. Бројот на стипендии доделени во секоја програмска земја се одлучува врз основа на бројот на пријави во изминатите години и постоењето на алтернативни програми за стипендии во дадената земја.

:::

***

Содржина

I. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

II. КРИТЕРИУМИ ЗА ПОДОБНОСТ

III. ФАЗИ НА АПЛИЦИРАЊЕ

ПРВА ФАЗА - Доставување на онлајн формулар за аплицирање (ОФА)

ВТОРА ФАЗА – ВЕРИФИЦИРАЊЕ НА ЗАПИШУВАЊЕТО

IV. МЕХАНИЗАМ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ ОДЛУКИ

A. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР

B. ПРОЦЕС НА СЕЛЕКЦИЈА

Чекор еден – Проверка на подобност

Чекор два - Евалуација на апликацијата

Чекор три - лични интервјуа

Чекор четири - Поднесување на сертификати за упис (2018-2019 академска година)

Чекор пет - финализирање на процесот на селекција

V. КОМУНИЦИРАЊЕ НА РЕЗУЛТАТОТ ОД ПРОЦЕСОТ НА СЕЛЕКЦИЈА

VI. МЕХАНИЗАМ ЗА ЖАЛБИ/ОСПОРУВАЊЕ

:::

I. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

(Оди на табела на содржина)

РЕФ може да поддржи кандидатот од РМУСП, во текот на неговите/нејзините студии, за максимум 8 години, односно:

  • Една факултетска диплома, за максимум 4 години со интегриран модел на студирање, или максимум 3 години во рамките на Болоњскиот систем;
  • Една мастер диплома, за максимум 1 година во интегриран не-Болоњски систем на учење, и за максимум 2 години во рамките на Болоњскиот систем;
  • Едена докторантска диплома, за максимум 3 години и само во првите 3 години на докторските студии;
  • Износот на основната стипендија РМУСП се пресметува врз основа на 80 евра за еден академски месец
    • Во зависност од достапноста на финансиските средства, постои можност РЕФ ПС, делумно или целосно да ги покрие трошоците за школарина;
  • Стипендијата на РМУСП е наменета за покривање на трошоците поврзани со училиштето како што се учебници, такси за испити, како и трошоците за живеење, делумно;

Стипендијата се доделува на успешни кандидати само за академската година за која влегле во конкуренција за стипендија (на пример, 2017-2018 академска година); студентите кои се заинтересирани за добивање на стипендија во последователни академски години мора да поднесат ново барање и да влезат во конкуренција на секој циклус на стипендирање;

Процесот на пријавување за стипендии во РЕФ Програмата за стипендирање се спроведува преку електронска пријава (ЕП).

  1. РЕФ/ПС ги приоритизира природните науки, ИТ технологија и инженеринг, интердисциплинарни науки, медицинските студии,   педагошки студии. Согласно на наведениот приоритет РЕФ/ПС ќе додели бонус поени на кандидатите кои студираат на некои од наведените приоритетни науки.
  2. Следејќи ја филозофијата на Програмата за креирање на критична маса на студенти Роми кои се цврсто поврзани со ромската заедница и го поддржуваат нејзиното понатамошно унапредување и вклучување во поширокото општество, од 2017 година РЕФ ПС воведе нов елемент во конкурсот за стипендиско-доброволни активности во корист на ромската заедници.

КОНФЛИКТ НА ИНТЕРЕС

Кандидатите кои се вработени (постојани работни позиции) во Фондацијата Отворено општество (ФОО), или на националните Фондации при Сорос мрежата на Фондации (SFN), како и Ромскиот Образовен Фонд, не ги исполнуваат условите да бидат  РЕФ стипендисти.

Важно: Во ситуации кога стипендистите нема да го известат Националниот координатор за фактот дека постои конфлик на интерес, соодветниот кандидат ќе биде дисквалификуван од понатамошна конкуренција  од страна на РЕФ Програмата за стипендирање.


Процесот на аплицирање за РЕФ прогрмата за стипендија е спроведена онлајн преку системот за онлајн аплицирање (ОФА) и се состои од две фази:

  1. Поднесување на онлајн формулар за аплицирање (ОФА);
  2. Верификација на запишувањето: (потврдување на уписот) поднесување на потврда за редовен студент и потврда за висина на партиципација (доколку студентот не плаќа партиципација во потврдата треба да биде назначено дека е ослободен); втората фаза е апликативна само за студентите кои ќе бидат потенцијални стипендисти (повеќе детали вопроцесот на селекција тука).

КОМУНИКАЦИЈА

Со цел да се осигура дека Програмата за стипендии соодветно и навремено комуницира со своите кандидати и корисници, во однос на сите барања и информации поврзани со поднесената пријава или академскиот статус на корисниците, кандидатите мора:

  • Да имаат и користат лична емаил адреса на сигурен емаил сервиси (Gmail, Yahoo) и редовно да ги проверуваат за било која РЕФ/ПС коресподенција;

II. КРИТЕРИУМИ ЗА ПОДОБНОСТ

(Оди на табела на содржина)

Кандидатите на RMUSP стипендија, со цел да бидат подобни во конкурсот за стипендија, треба да ги исполнат следните услови:

  1. Отворено се декларираат како Роми;
  2. Во моментот да се студенти, или во акадеската 2018/2019 година ќе се запишат на додипломски, последипломски или докторски студии на државни -акредитирани универзитети, во земјата на живеење;

    •     Матичната земја или земја на живеење треба да биде една од земјите на РМУСП програмата, односно: Албанија, Бугарија,  Босна и Херцеговина, Хрватска, Чешка, Унгарија, Косово, Црна Гора, Македонија, Романија, Словачка, Србија и Турција;
  3. Студии на далечина не се поддржуваат од Програмата за стипендирање

    •    Вонредни студенти на додипломски студии немаат право да аплицираатза стипендија во сите РЕФ/ПС програми.
    •    Вонредни студенти може да бидат само кандидатите кои се на последипломски или докторски студии;
  4. РЕФ/ПС кандидатите кои ја  обновуваат стипендијата во 2018-2019 академска година (студенти кои добивале РЕФ стипендија во предходната академска година(и) и се пријавуваат за да ја обноват стипендијата за истата година на студии и  ја повторуваат годината на студии, не ги исполнуваат условите за добивање на стипендија;
  5. РЕФ/ПС ги прифаќа само оние апликации кои се на напредно – наредно ниво на студии;

    •    Пример: ако барателот е дипломиран магистер, предложеното ниво на студии во РЕФ СП конкуренцијата треба да биде за следното ниво на студирање, во овој случај, за докторски студии / докторат. Друг пример за неподобност ќе биде: дипломирани студенти на докторски студии да аплицираат за магистерски, или додипломски студии, или дипломирани магистри кои конкурираат за втор мастер, или за додипломски студии;
  6. РЕФ/ПС ги прифаќа само оние апликации каде студиите се остваруваат во рамките на официјалната конвенционална должина на диплома (на пример, ако студентот е на додипломски студии од 3 години ќе бара стипендија за 4-та година - поради одложувањето – дури и ако е дозволена од страна на универзитетот - пријавата нема да се смета за подобна);
  7. Студентите на кои универзитетот им одобрува и дава временски период за да ја подготват конечната теза (што не бара задолжително присуство на студентите на семинари / колоквиуми, курсеви, предавања, задолжителна пракса или испитување) не ги исполнува условите за стипендија;
  8. Исклучиво, за подобни се сметаат пријавуте на кандидатите кои имаат целосно пополнета електронска пријава со сите комплетни документи.

 ВАЖНО:

  • Дозволен е исклучиво еден трансфер од еден на друг универзитет/ факултет/ област на студии.
  • Секаков вид на промена, како што е наведено погоре, задолжително се известува Националниот координатор, идеално е доколку известувањето се прати пред да се реализира трансферот.
  • Студентите истовремено може да аплицираат н а различни шеми за стипендии при РЕФ, доколку ги исполнуваат условите според критериумите за подобност на секоја шема. При затворањето на процесот на селекција, доколку се прифаќаат повеќе од една програма за стипендии за РЕФ, заинтересираните кандидати ќе имаат обврска да изберат само една стипендија и формално да го известат Националниот координатор преку е-пошта за нивната одлука.


III. ФАЗИ НА ПРИЈАВУВАЊЕ

(оди на табела на содржина)

Со цел пријавите/апликациите за стипендија во академската 2018-2019 година да бидат земени во предвид, кандидатите мора да ги почитуваат роковите за реализација на програмата за Првата фаза – рокот за доставување на електронска пријава формулар за аплицирање за секоја земја или програма (каде што е применливо), како и со Втората фаза - Поднесување на сертификатот за упис и на сертификатот за школарина (доколку е применливо), како што е опишано во детали подолу.

ПРВА ФАЗА - Доставување на електронска пријава (ЕП)

  • Рок на РМУСП за Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Унгарија и Косово: 15-ти мај 2018 година;
  • РМУСП краен рок за Македонија, Црна Гора, Романија, Србија, Словачка и Турција: 17-ти мај 2018 година

:::

Важно:

Задолжително е пополнувањето на пријавата да го следи
логичниот редослед на пополнување:

-> ЧЕКОР 1: комплетира (надополни), Лични информации;
-> ЧЕКОР 2: комплетира (надополни), Анкета и
-> ЧЕКОР 3: Пристап до Листа на апликации, одбери програма, комплетирај и испрати пријава.

Електронската Пријава е успешно испратена доколу е целосно пополнета, и доколу ЧЕКОР 1 и ЧЕКОР 2 се целосно пополнети .

Ве молиме, имајте во предвид доколку ја обновувате вашата пријава, треба да се вратите во сите чекори со цел да ги проверите и доколку имате измени во информациите да направите измена и да ги внесете точните и соодветни информации со цел правилно да се одразува на вашата актуелна ситуација.


Комплетна и целосно усогласена ЕП содржи: 

1. Писмени задачи (ЕП страна 3)

1.1 Комплетирана писмена задача за Академските цели - Изјава за намена која се базира на академски достигнувања и ги изразува академските цели на кандидатот, демонстрирајќи посветеност и мотивација за студирање за реализираните или наредни нивоа на студии;

1.2 Комплетирана писмена задача на Есеј за Росмки прашања, во согласност со инструкциите наведени во ЕП.

Академска нечесност (плагијат и личен плагијат)

РEФ СП применува специфични критериуми кои се занимаваат со ова прашање. Сите детали задолжително да бидат прочитани  на овој линк.

2. Документите треба да бидат прикачени во системот на електронската пријава

*Ве молиме направете квалитетно скенирање во боја, со цел сите информации да се јасно читливи (заматените/нејасни документи нема да се земат во предвид).

* Максималната големина на еден документ не смее да надмине 5 MB.

2.1 Лична карта / пасош
скенирана копија од двете страни;
2.2 Официјален препис на академски оценки
како што е наведено тука;
2.3 Референтно писмо (Препорака) (РП) (како што е наведено тука)

  • ВажноЗадолжително е дека најмалку едно РП е издадено од страна на законски регистрирана Ромска организација / фондација од соодветната земја.

2.4 Документи од спроведени активности поврзани со Роми
Секој доказ за евиденција (документи, фотографии, видео линкови, објави на социјални медиуми, статии, трудови) кои демонстрираат доброволни активности за поддршка на ромската заедница.

Студентите за докторат треба да достави препис на оценки, исто така, ако е достапно; во случај доколку немало испитување со оценување во академската година, студентите на докторски мора да поднесат извештај за напредокот издаден од нивните претпоставени;

ВТОРА ФАЗА – ВЕРИФИЦИРАЊЕ (ПОТВРДУВАЊЕ) НА ЗАПИШУВАЊЕТО

Краен рок: Есен 2018 година.

Датумот за секоја земја ќе биде доставен од страна на РЕФ СП само на кандидати кои ќе останат во втората фаза од конкурсот.

Официјален сертификат за упис - мора да биде скениран и поставен како прилог на ОФА и мора да ги исполни сите барања како што е наведено тука.

Сертификат за партиципација/школарина (ако е применливо) - мора да биде скениран и поставен како прилог на ОФА и мора да ги исполни сите барања како што е наведено тука.

IV. МЕХАНИЗАМ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ ОДЛУКИ

Механизмот на донесување одлуки е врз основа на специфични критериуми и процесот на селекција како што е наведено подолу:

А. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР

(Оди на табела на содржина)

Критериумите за избор на РЕФ програмите за стипендија ја земаат во предвид важноста и квалитетот на информациите и на поднесените документи. Со цел да ги зголемат своите шанси за конкурсот, кандидатите треба да се стремат да бидат целосно во согласност со критериумите за избор и да презентираат конкурентна апликација и соодветни и релевантни материјали.

РЕФ СП користи специфична терминологија за да направи разлика помеѓу категориите на кандидатите, според кои критериуми оценката варира.

Листата на критериуми за проценка и тежина на секој критериум за пресметка на конечниот резултат на барањето се наведени тука.

Категории на апликанти:

(1). Кандидати кои ја обновуваат стипендијата - студенти кои добиле РЕФ стипендија во претходната академска година(и) и се пријавуваат да ја обноват својата стипендија за исто академско ниво (додипломски, магистерски, докторски);

(2). Нови апликанти, поделени во следниве две поткатегории:

(2а). Бруцоши кои ќе бидат апликанти - оние кои ќе студираат во текот на првата година на одредено академско ниво (на пример 1-ва година од додипломски, 1-ва година магистерски, 1-ва година докторски студии).

- Студентите кои добиле РЕФ стипендија за понизок академски степен (ниво на студии) и аплицираат за РЕФ стипендија за повисок академски степен (ниво на студии), исто така, спаѓаат во оваа категорија (на пример: поранешниот РЕФ СП корисникот во додипломски, кој конкурираат за 1 година магистерски студии).

(2б). Кандидати кои не се бруцоши - оние кои ќе учат во 2 година или погоре и не добиле РЕФ стипендија претходно во рамките на истото академско ниво.

Б. ПРОЦЕС НА СЕЛЕКЦИЈА

 

Чекор еден – Проверка на подобност

Техничка проверка на подобноста на апликантот со критериумите за подобност на програмата. Овој чекор е спроведен од страна на координаторите на РЕФ СП за секоја земја.

Чекор два - Евалуација на апликацијата 

Оценувањето се врши од страна на членовите на РЕФ СП на Националниот одбор за избор (НОИ) во соодветните програмски земји. НОИ се состои од три членови, претставници на граѓанското општество/невладиниот сектор, академијата граѓани на земјите каде се имплементира програмата. Членовите на НОИ независно ги разгледуваат онлајн поднесените апликации, една по една, и доделуваат бодови на секоја апликација според претходно утврден сет на критериуми за оценка. Конечниот резултат за секоја апликација произлегува од просекот на независните резултати на НОИ. Системот автоматски ги рангира сите апликации врз основа на нивната последни резултати, во опаѓачки редослед, од највисоко до најниско. Врз основа на системот за рангирање и позицијата на кандидатите тие заземаат место на листата или се во потесниот избор (на условно прифатени или на листа на чекање), или одбиени.

Чекор три - лични интервјуа

Бруцошите апликанти (односно 1 година додипломски, на 1 година магистерски и 1 година докторат во 2018-2019 академска година) може да биде побарано да учествуваат во личен разговор со членовите на Националниот одбор за избор. Во таква ситуација, личниот разговор станува задолжителен.

  • Во поголемите програмски земји, листата на кандидати за интервју ќе биде утврдена од страна на РЕФ/ПС со користење на компјутерски случаен избор до 60 кандидати; оние бруцоши студенти кои нема да бидат во групата на кандидати за интервју, ќе бидат оценети со критериумите за 2 б категорија на кандидати.

Забелешка: Оние кандидати кои ќе бидат поканети да присуствуваат на интервју и нема да се согласат со овој услов, нема да се разгледуваат понатаму во конкуренција.
Откако интервјуата се спроведуваат, оцените се внесуваат во системот, и рангирањето на кандидатите и класификацијата на кандидатите се надградува автоматски во "условно прифатени" и "листа на чекање".

Поканата за лични интервјуа, како и местото на одржување, и други административни детали ќе бидат испратени до засегнатите апликанти преку е-маил од координаторите на секоја земјана програмата. Трошоци за превоз за присуствување на интервјуто ќе бидат покриени од страна на РЕФ СП.

Чекор четири - Поднесување на Сертификатите за упис (2018-2019 академска година)

Од кандидатите во двете категории "условно прифатени", и "листа на чекање" ќе биде побарано да поднесат официјална и валидна Потврда за упис (редовен студент)  која докажува дека тие се запишани во валидна академска програма

Чекор пет - Финализирање на процесот на селекција

По завршување на горенаведените чекори, системот е во тек со конечниот статус на секој кандидат од листата на "условно прифаќање" и "листа на чекање", и генериран е конечниот список на корисници на стипендија, по земја и по шема на стипендии.

Кандидатите кои се рангирани во рамките на "условно прифатени" категорија и кои ги исполнуваат барањата на програмата во вториот краен рок, стануваат корисници на програмата.

  • Кандидати од категорија " листата на чекање ", може да се земат во понатамошниот процес само доколку кандидати од категоријата “условно прифатени” не успеат да ги исполнат барањата,  во вакви ситуации системот прави автоматска промена со кандидати од " листата на чекање “ базирани на добиениот  резултат.

V. КОМУНИЦИРАЊЕ НА РЕЗУЛТАТОТ ОД ПРОЦЕСОТ НА СЕЛЕКЦИЈА

(Оди на табела на содржина

Програмата ги комуницира резултатите од процесот на селекција на кандидатите преку е-маил адреса која тие ја регистрирале на својот ОФП профил, во два наврати:
Прво, по чекор три споменат погоре (крајот на јули - август), кога апликантите ќе добијат:

  • Писмо за условно прифаќање или писмо за листа на чекање со инструкции за понатамошни чекори кои треба да се преземат од страна на апликантот со цел да останат во конкуренција; или
  • официјално писмо за одбивање со наведени причини за одбивање; 

Второ, по чекор пет наведен погоре (крајот на октомври - ноември) кога апликантите ќе добијат:

  • службено писмо за известување; или
  • писмо за отфрлање со наведени причини за одбивање.

VI. МЕХАНИЗАМ ЗА ЖАЛБИ/ОСПОРУВАЊЕ

(Оди на табела на содржина)

Апликантите можат да ги оспорат резултатите од конкурсот на Програмата за стипендии во рок од еден месец од моментот на приемот на известувањето од програмата. Жалбите / оспорувањето треба да се испрати на РЕФ СП, само на оваа е-маил адреса: REFSP_contestations@romaeducationfund.org 

Оспорувањето испратенo до други е-маил адреси од онаа што е наведена погоре нема да се разгледува или признае. Исто така, РЕФ СП бара апликантите да ја користите оваа е-маил адреса само за жалби во врска со резултатите од процесот на селекција.

За било какви други прашања ве молиме контактирајте го Координаторот на вашата земја, само во случај да се бараат појаснувања кои не се наоѓаат во Водичот за аплицирање.

РЕФ СП ги категоризира оспорувањата и им дава решение. Во зависност од природата на жалбите, РЕФ СП може да одлучи да ги пренасочи кон независен правен советник консултант.

НАПОМЕНА:

РЕФ го задржува правото да го одбие обезбедувањето на поддршка на било кој апликант чие однесување и/или поврзаност со групи или други лица чии цели и активности не се во согласност со вредностите и принципите промовирани од страна на Ромскиот образовен фонд и неговите цели.


Пристап до системот за онлајн апликација